• Latest

Преговорите влегуваат во непознати води

February 17, 2018

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Преговорите влегуваат во непознати води

February 17, 2018 11:32
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

 Пред крајот на месецов грчкиот Парламент ќе ја ратификува втората фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација на Македонија со ЕУ, а веднаш потоа Грција ќе ја поддржи нашата кандидатура за членство во Јадранско- Јонската иницијатива, пишува „Катимерини“, во однос на реализацијата на отстапките за кои се договорија Заев и Ципрас, во Давос.

Весникот додава дека промената на имињата на автопатот и аеродромот, веќе се објавени во „Службен весник“, а „преименувањата можеби веќе следната седмица да го однесат Коѕијас од Атина за Скопје, со лет, прв од таков вид по речиси 12 години“.

Во денешната анализа под наслов „Чести контакти, но без договор за тешките прашања“, весникот ги анализира последните случувања во македонско – грчките односи, јавува дописникот на МИА од Атина.

– Преговорите меѓу Скопје и Атина за разликите околу името влегуваат во непознати води, бидејќи разговорите меѓу двајцата министри за надворешни работи имаат доста напреднато, пронаоѓајќи одговори само за некои од прашањата за кои што се разговара, пишува „Катимерини“ во анализата, а како трнливи точки во разговорите ги споменува името, идентитетот и Уставот.

– Се чини дека јазикот и идентитетот се најтешките точки за соседната земја. Господата Заев и Димитров, постојано зборуваа за потребата за почитување на достоинството на нивните сограѓани, алудирајќи директно на овие две прашања. Македонското прашање никогаш не беше проблем со лесни аспекти, како што произлегува од различни детали. Генерално, различни извори проценуваат дека решение за името „Горна Македонија“ е она што е одбрано меѓу останатите 4 имиња што беа поставени на маса од Нимиц, пишува весникот и потсетува дека Атина преферира името да биде на македонски без превод на другите јазици.

– „Слонот во собата“ во преговорите е ревизијата на Уставот на ПЈРМ – пишува новинарот користејќи ја англиската фраза за симболично да ја опише точката „Устав“ на која Атина, во последно време дава големо значење и покрај тоа што и двете страни добро знаат дека тоа „практично е невозможно да се случи врз база на денешните политички корелации во соседната земја“.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ГрцијаимеКатимериниМакедонијаПреговори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ