• Latest

Прилеп: Партиска пропаганда и манипулација со малолетници

February 14, 2016

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
Фото: Антон Препелицjа

На која страна си ти?

October 3, 2026

Од Кукла и Некст Тајм до Дон Џони: Зошто Македониумот сега стана политички скандал?

October 3, 2026
Насловна страница: Црвените во инвазија на Полска (Chicago Sunday Tribune, 17 септември 1939)

„Заштита на малцинствата“ како алиби за агресија: Од Полска во 1939 до Украина во 2022

October 3, 2026
Роберт Рајх (Wikipedia)

Роберт Рајх: Случајот Корнел и мизогинијата во ерата на Трамп

October 3, 2026
Урсула фон дер Лајен во Скопје, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Реакции од спротивните страни на политичката палета: Каранфилова Пановска и Андонов по посетата на Фон дер Лајен

October 2, 2026

Фон дер Лајен дојде и си замина: Што остана по љубезната размена на комплименти?

October 2, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Ученички бунт ја тресе Франција: „Не нè слушаат“

October 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Прилеп: Партиска пропаганда и манипулација со малолетници

February 14, 2016 14:00
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

(Овој текст го преобјавуваме по повод добивањето трета награда „Граѓански објектив“ за јануари, 2016 година)

Во основното училиште „Блаже Конески“ во прилепската населба Варош, во стилот на толку сатанизираниот од актуелната власт – југословенски систем, на ѕидот висат фотографии на високи партиски функционери на владеачката партија, како и на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од  Прилеп.

Пропаганда во училишните ходници - ОУ „Блаже Конески“
(детал) Пропаганда во училишните ходници – ОУ „Блаже Конески“

Училиштето има едвај триесетина ученици, а директорката, м-р Марија Дулева, како истакнат и ревносен член на ВМРО-ДПМНЕ, толерира ваква вулгарна партиска пропаганда и манипулација со малолетните ученици, кои ѝ се доверени од родителите за воспитување и едуцирање, а не за индоктринација од мали нозе!

Фото-колажот кој се наоѓа во холот на малото училиште го сочинуваат фотографии од политички говори, партиски церемонии „чиноначалствувани“ од градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, како и фотографии од пратениците Ане Лашкоска и Димитар Стевананџија и координаторот на ВМРО-ДПМНЕ  во Прилеп и претседател на Советот на Општината, Никола Димески.

Пропаганда во училишните ходници - ОУ „Блаже Конески“
Пропаганда во училишните ходници – ОУ „Блаже Конески“

Се поставува прашањето дали државниот просветен инспекторат ја забележал оваа манипулација (тешко е веројатно дека ја нема забележано или досега не е иформиран, со оглед на тоа дека спорните фотографии висат во училишниот хол од поодамна), и зошто сé уште го толерира овој недопустлив потег  на малтретирање на деца со партиска пропаганда?

Ако во поранешниот режим едноумието било фундамент на одржливоста на Комунистичката партија, како актуелните борци за демократизација на веќе чеврт век плуралистичката Македонија, го толкуваат овој  срамен обид за партизираност дури и на најмладите учесници во образовниот систем и дрското наметнување на политички ставови и определби на локалните чиновници? Зарем постојат и такви просветни работници, припадници на чесната и една од најхуманите професии –  за кои децата не се ништо повеќе, освен материјал за моделирање на  потенцијални партиски војничиња?

Тоа се прашања врз кои институциите мора да се замислат и час поскоро да одговорат со доследно почитување на демократските стандарди.

Божидар Барлакоски

 

CIVIV LENSES logo EN 01w

Оваа содржина се објавува во рамките на првиот круг од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот „Граѓански објектив“ на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.

Tags: Ане ЛашкоскаДимитар СтевананџијаМакедонијамалолетнициманипулацииМарија ДулеваМарјан Ристескинаселба ВарошНикола ДимескиОУ Блаже КонескипартииполитикаПрилепУченици
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ