• Latest

Путин полага заклетва за четвртиот претседателски мандат

May 7, 2018
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Путин полага заклетва за четвртиот претседателски мандат

May 7, 2018 07:59
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

По 18 години на власт, Владимир Путин денеска ќе положи свечена заклетва за четврт претседателски мандат, откако на изборите на 18 март убедливо победи, освојувајќи повеќе од 76 отсто од гласовите. Тој ќе остане во Кремљ до 2024 година, кога ќе има 72 години.

Путин, поранешен агент на КГБ, дојде на власт во 2000 година, заменувајќи го Борис Елцин на функцијата претседател на Русија, која тогаш беше нестабилна и економски слаба држава. Голем број од сонародниците го фалат Путин поради тоа што благодарејќи на приходите од нафтата, на земјата и донел стабилност и напредок, а други пак го критикуваат поради ограничувањето на човековите права и медиумски слободи.

На меѓународната сцена се обиде да го обнови руското влијание во светот, ослабено по распаѓањето на СССР, кое го нарече „најголема геополитичка катастрофа на 20 век“.

Во 2014 година влезе во конфликт со западните земји, откако кон Русија го припои украинскиот полуостров Крим, со помош на интервенција на руски специјалци и референдум на кој жителите на Крим се изјаснија дека сакаат да бидат дел од Русија. Украина и Западот референдумот го прогласија за противзаконски.

Медиумите наведуваат дека таа операција го зголеми неговиот углед на домашен план, но ја поттикна наголемата криза меѓу Русија и западот од крајот на Студената војна. Западните земји ја обвинуваат Москва дека воено го поддржува сепаратистичкиот бунт на истокот на Украина, што Кремљ негира.

Владимир Путин прес

Како голем љубител на спортот, рускиот претседател се надева дека со организацијата на овогодинешното Светско фудбалско првенство, Русија ќе биде прикажана како спортска велесила.

Во 2014 година, Русија беше организатор на Зимските олимписки игри во Сочи, кои беа најскапите во историјата.

Кога кон крајот на 1999 година, Елцин поднесе оставка и го именуваше за премиер кој ќе го наследи, Путин веќе се наметна како прв човек во земјата кој ќе ја гарантира безбедноста по неговото заминување.

На изборите во 2000 година Путин освои „лесна“ победа на изборите, по што следуваше судирот со олигарсите, кои во 90-те години се обогатија при матни приватизации. Со оглед на тоа дека според Устав не можеше да служи повеќе од два последователни претседателски мандати, во 2008 година за шеф на државата го постави дотогашниот премиер Дмитриј Медведев, а тој застана на чело на владата.

Кон крајот на 2011 година најави враќање во Кремљ со нов мандат, кој во меѓувреме е продолжен на шест години, што поттикнна бран протести во змејата. Но протестното движење ослабна во пролетта 2012 година, кога надмоќно победи на претседателските избори. Потоа во парламентот беа донесени закони за кои опозицијата оцени дека ја гушат слободата и овозможуваат посилна репресија за какв било облик на протест.

Путин е роден на 7 октомври 1952 година во Ленинград (Санкт Петерсбург). Неговиот татко бил сериозно повреден во Втората светска војна, а брат му починал во нередите во градот во тој период.

Пред да влезе во тинејџерските години Владимир Путин почнал да тренира боречки вештини, комбинации на карате и џудо, а потоа продолжил со практикување на џудото. Во ноември 2013 година, во Сеул, претседателот на Светската теквондо организација, Чо Чунг Вон, го прогласи Путин за почесен мајстор по теквондо, со црн појас од деветти степен. На тој начин, Путин го надмина актерот Чак Норис, кој е носител на црн појас од осми степен.

Владимир Путин прес

Уште од тинејџерските години, Путин сакал да биде дел од тајната руска служба. Откако завршил средно училиште, се запишал на правен факултет, за што верувал дека ќе му ги зголеми шансите за вклучување во КГБ.

Во средина на 70-тите, додека бил во брак со првата сопруга Људмила, Путин бил регрутиран во КГБ, каде остана 15-тина година. Во 1984 година добил обука за шпион и бил испратен на мисија во Источна Германија – од каде требал да дава извештаи за активноста во Западна Германија и да регрутира странски студенти.

Но кога падна Берлинскиот ѕид, Путин и неговата фамилија се вратиле во својата татковина и овој период започна неговата транзиција во политиката. Тогаш се приклучил на тимот на градоначалникот на Санк Петерсбург Анатолиј Собчак и работеше како негов заменик.

Откако Собчак ги изгуби градоначалничките изборите во 1996 година, Путин се сели во Москва, каде две години подоцна застана на чело на ФСБ (служба наследник на КГБ). На 26 март 1997 година, претседателот Борис Елцин го именуваше Путин за заменик-шеф на претседателскиот кабинет, и на таа позиција остана до мај 1998 година. На 25 јули 1998 година, Елцин го назначи за шеф на ФСБ, каде се задржа до август 1999 година. Тој станал и постојан член на Советот за безбедност на Руската Федерација.

На 9 август 1999 година, Владимир Путин беше назначен за еден од трите вицепремиери на Русија, а по отпуштањето на Сергеј Степашин стана премиер, поставен од страна на Борис Елцин.

Инаку тој течно зборува германски јазик, додека со англискиот потешко се снаоѓа.

Путин има две ќерки, но деталите од нивните животи се чуваат во најголема тајност. Тие биле запишани на факултет под други имиња, и непознато е со што се занимаваат и каде живеат. (МИА)

Tags: мандатпретседателПутинРусија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ