• Latest

Реалноста гази по лицето на Груевски

October 23, 2017
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Реалноста гази по лицето на Груевски

October 23, 2017 15:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

По првиот изборен круг настапи затишје, здивнавме за миг. Едните беа во нокдаун од успехот, а другите беа практично нокаутирани од гласачите. Сепак, кон крајот на минатата недела, кампањите во пресрет на вториот круг повторно се разгореа. Не е важно што сега има само 35 општини во кои се оди на втор круг. И овие локални избори имаат национален карактер, така што, сите сме мета на кампања, без оглед на тоа дали во нашата општина ќе има втор круг или не.

Пишува: Џабир Дерала

На Груевски, очигледно, многу му се допаѓа алатката референдум. Не му успеа да наметне референдуми против бегалците, па сега повикува на референдум да се оспори договорот за добрососедство со Бугарија. Навистина, тоа беше срамна кампања, со исто таков завршеток. Треба да се запомни дека 14 општини изгласаа референдум против бегалците во време кога во земјата имаше „дури“ 13 бегалци. Свесен е дека и оваа референдумска иницијатива е шум на крилцата на комарец во средиштето на правно-политичкиот ураган кој го зафати него во последниве две години.

Тој е притеснет од извесната екстрадиција на Грујовски и Бошковски од Грција, што ќе го приближи до притворот во Шуто Оризари, но и од другите аспекти на истрагите за неговите криминали. Освен тоа, тој веќе не може да ги лаже ни членовите на партијата која ја држи во својот џеб една и пол деценија. Охрабрени од Реформаторите, членовите на неговата партија го искажуваат незадоволство од него сè помасовно. Груевски сега ги троши последните денови од сопствената (не)моќ и затоа сега му останува само „длабински“ да анализира.

Според изразот на неговото лице, а и на неговите пиони, изгледа дека реалноста веќе со тресок ги отворила вратите на неговата перцепција. Чизмата на фактите гази по нивното лице.

„Ваков поткуп не се случил во Македонија!“ – вели тој во интервјуто со Коле Чашуле на ТВ Алфа, каде што се обидува да ги (до)објасни и „народните стражи“. Тој, всушност, им даде архаично-милитантен назив на граѓанските новинарки и новинари преку кои се открија безброј валканици токму за него и неговиот режим.

Сега веќе станува и донекаде забавно да се гледа како Груевски и неговите лајтнанти говорат за изборни нерегуларности со истиот вокабулар како и анализите и извештаите за изборните кражби кои токму тој ги спроведуваше во изминатите години. Но, некако не му оди. Ни нему, ни на неговите соучесници. Тие малку што му останаа овие денови…

Tags: ВМРО-ДПМНЕГруевскиКоле Чашулелокални изборипоткупреформаториТВ Алфа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ