ВЕСТ НА ДЕНОТ
Зеленски и Ковачевски одржаа разговор на почетокот на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ
„Одржав суштински разговор со Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски на почетокот на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ. Дискутиравме за ризиците од ескалација на фронтот, понатамошната одбранбена соработка и продлабочувањето на билатералните односите меѓу нашите земји“, напиша Зеленски на Фејсбук.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Агелар: САД имаат план да ги реафирмираат заедничките приоритети, како што е борбата против корупцијата
САД имаат план да ги реафирмираат заедничките приоритети како што е борбата против корупцијата. Тоа ќе остане приоритет за Вашингтон и ќе покрене неколку прашања за време на посетата на советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле, следната недела, рече амбасадорката на САД, Анџела Агелар.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Зеленски: Светот деновиве повторно виде дека Русија лаже
-Светот деновиве повторно виде дека Русија лаже дури и кога со свои изјави го привлекува вниманието на ситуацијата на фронтот. Руско гранатирање на Херсон со запалива муниција веднаш по Божиќ. Удари на Краматорск и другите градови на Донбас – токму на цивилни објекти и токму кога Москва известуваше за наводниот „молк“ на нивната војска. Повеќе закани на руски функционери кон Европа и светот. Сето ова беше кога Москва зборуваше за наводното „примирје“, рече претседателот.
СВЕТ
Бразилската полиција ги опколи протестните кампови по нападот на Конгресот, животот во Бразилија се враќа во нормала
Полицијата ги опколи протестните кампови во Бразил откако вчера приврзаниците на поранешниот претседател и лидер на екстремната десница, Жаир Болсонаро упаднаа во владините згради во главниот град, пренесува Би – Би – Си.
AL-PRESS
Редакциски избор од албански медиуми:
Една од главните теми во албанските медиуми во регионот вчера и утрово е повикот за средба на албанскиот премиер Еди Рама, до лидерите на албанските партии во Северна Македонија. Кој е поканет и кој (нема) да присуствува, и зошто, се дополнителните теми на кои пишуваат медиумите, и дел од изборот на редакцијата ЦИВИЛ Медиа за денеска.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ПОЛИТИКА Меџити: ДУИ мора да се ослободи од узурпаторите, платениците и неспособните!
„Снимањето на Али Ахмет како пее и потоа објавувањето на истата снимка, за да се дефокусира мислењето од вистинскиот проблем, е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ…“, напиша Меџити во социјалните мрежи.
ИНТЕГРАЦИИ Гир: Времето до изборите во 2024 година да се искористи за суштински реформи
За Северна Македонија фокусот во 2023 година мора да биде на реформи. Реформи кои пред се и над се ќе бидат на барање на граѓаните и на нивните интереси. Патот напред, темпото на тие реформи и напредокот кон ЕУ сега зависи од вас. Сега е моментот кога треба да се надоврзете на оној поттик којшто се случи во 2022 со почнувањето на преговорите. Времето отсега до изборите во 2024 година треба да се искористи токму затоа, да се турнат напред оние толку потребни реформи за кои сите знаеме кои се и што е потребно да се направи.
Ларсон Јаин: Реформите се клучот за одење напред кон евроинтеграциите
„Во однос на проширувањето на Унијата пораката на ЕУ беше јасна повеќе од кога и да било – иднината на овие граѓани лежи во ЕУ. Ние ќе бидеме посветени да ви посакаме добредојде во Европската Унија“.
ЗАГАДУВАЊЕ Скопјани се гушат во смог, а ВМРО-ДПМНЕ како локална власт не прави ништо за да се реши проблемот
Скопјани со недели се гушат во смог, а локалната власт која во Советот е предводена од ВМРО ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска како да не прават ништо за да се спречи аерозагадувањето.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
#JeSuisCharlie – осум години од терористичкиот напад на „Шарли Ебдо“
Но наместо одмазда по нападот, во светот се појави бран на солидарност. Слоганот #JeSuisCharlie „Јас сум Шарли“ беше присутен на сите страни, а повеќе од еден милион луѓе излегоа на улици за да упатат поддршка, солидарност, порака против тероризмот и порака за уште пожестока борба за слободата на изразување, како и за заштита на новинарството како професија.
АНАЛИЗИ
Осум години по нападот врз „Шарли Ебдо“, псевдоновинарството ги става во опасност карикатуристите
На 7 јануари 2015 година, канцелариите на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ беа цел на терористички напад. Пукањето во „Шарли Ебдо“, како и серијата терористички напади што ја потресоа Франција, и целиот свет во тој јануари 2015 година, ги одземаа животите на 17 лица, вклучително и 11 новинари и безбедносни лица во канцелариите на списанието во париз. Овој терористички чин го фокусираше вниманието на заканата од милитантниот ислам, но одговорот на нападите од Французите беше генерално солидарност, а не одмазда.
СЛОБОДНА ЗОНА
Кампањите со говор на омраза и дезинформација каталогизирани за оваа студија, покажуваат дека тие имаат за цел, во приближно еднаква мерка, да ги влошат внатрешните конфликти меѓу заедниците на етничките Македонци и етничките Албанци, да им наштетат на меѓународните односи на Северна Македонија, особено со соседите, и да ги нарушат или да влијаат на клучните или критични процеси во земјата како што беа референдумот од септември 2018, пишува Зоран Бојаровски, во колумната „Не си играјте со оган, држете ги подалеку децата од говорот на омраза“.
„Нашите санкции функционираат“, велат од ЕУ. Навистина?
„Колку и да се труди, Европската Унија не може да избега од фактите. Русија води брутална, геноцидна војна на европско тло, инвазија како од времето на Втората светска војна, само уште поразорна, таргетирајќи ги цивилите од првиот час од војната. Оваа одметничка држава – која никогаш во историјата не била демократска – многупати порано го поткопуваше меѓународното право и глобалниот поредок, а сега тоа го направи докрај и целосно. А ги обвини Западот и НАТО за тоа. Русија ги претвори бегалците, енергијата и храната во оружје на војната. Изврши илјадници воени злосторства за 300+ дена, претворајќи ја земјата од 44 милиони граѓани во машина за мелење месо. Списокот продолжува“, е извадок од анализата на Џабир Дерала.
Д. Варошлија