Претседателот на Украина Володимир Зеленски, на својот Фејсбук профил утринава објави дека разговарал со македонскиот премиер Димитар Ковачевски за предизвиците од почетокот на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ.
„Одржав суштински разговор со Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски на почетокот на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ. Дискутиравме за ризиците од ескалација на фронтот, понатамошната одбранбена соработка и продлабочувањето на билатералните односите меѓу нашите земји“, напиша Зеленски на Фејсбук.
Премиерот Ковачевски на својот Фејсбук објави дека во телефонскиот разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја пренесол во мое лично и во име на граѓаните поддршката на Северна Македонија за украинскиот народ во бруталната, неоправдана и непредизвикана воена агресија која Русија ја врши врз Украина. Како НАТО членка ќе продолжиме со поддршката и помошта.
Во разговорот особен фокус ставивме на развојот на настаните на воениот фронт и улогата која ОБСЕ може да ја има во можностите за прекин на војната. Му пренесов на претседателот Зеленски дека како премиер на земја претседавач со ОБСЕ во план е посета на Украина, напиша Ковачевски на Фејсбук.
Д. Мишев