• Latest
Средба на лидерите на политичките партии со премиерот на Албанија, Еди Рама, јануари 2017 година.

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама повторно ги собира во Тирана лидерите на албанските партии, Касами не сака да седне на иста маса со Ахмети

January 9, 2023

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама повторно ги собира во Тирана лидерите на албанските партии, Касами не сака да седне на иста маса со Ахмети

January 9, 2023 12:07
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Средба на лидерите на политичките партии со премиерот на Албанија, Еди Рама, јануари 2017 година.

Средба на лидерите на политичките партии со премиерот на Албанија, Еди Рама, јануари 2017 година.

Share on FacebookShare on Twitter

Една од главните теми во албанските медиуми во регионот вчера и утрово е повикот за средба  на албанскиот премиер Еди Рама, до лидерите на албанските партии во Северна Македонија. Кој е поканет и кој (нема) да присуствува, и зошто, се дополнителните теми на кои пишуваат медиумите, и дел од изборот на редакцијата ЦИВИЛ Медиа за денеска.

ЕПОКА Е РЕ: По шест години, Еди Рама повторно ги собира албанските лидери во Тирана

„Шест години по прата средба, албанскиот премиер Еди Рама во вторник повторно ќе ги собере албанските лидери од Македонија во Тирана.

Причините за оваа средба не се соопштуваат во поканата на Рама, но се дознава дека ќе се фокусира на поддршката за уставните измени и евроинтегративните реформи.“, пренесе Епока е Ре.

ФЛАКА: Алтернатива и АА ќе одат  кај Рама на средба,  ДУИ и ДПА досега  без одговор

„Дел од албанските партии во земјава потврдија дека ќе одат на средбата во Тирана, која, како што пренесуваат медиумите, ја организира албанскиот премиер Еди Рама.

Алтернатива, Алијанса за Албанците и Беса за Агенцијата за медиуми велат дека добиле покана за средба и дека ќе одат, но не соопштуваат детали. Од ДУИ нема одговор. Поканети се лидерот на ДУИ Али Ахмети, на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, на Движењето Беса Билал Касами, на Алтернатива  Африм Гаши и на ДПА, Мендух Тачи“, пренесе македонскиот медиум Флака.

Журнал: Касами ја прифаќа поканата на Рама, но не на една  маса со Ахмети

„Портпаролот на Беса, Фарук Авдиу, во изјава за медиумите изјави дека првиот човек на Беса Билал Касами ќе учествува на средбата покана од Еди Рама, но нема да седне на маса со Али Ахмети. Според Авди, ДУИ ја злоупотребува политичката маса секогаш кога има неволја.“, пренесе порталот Журнал.

ЕВРОПА Е ЛИРЕ: Еден месец притвор за осомничениот за ранувањето на двајца млади Срби во Штрпце

Основниот суд во Урошевац му одреди едномесечен притвор на осомничениот со иницијали А.К. на возраст од 33 години, за повреди на две лица во Штерпце, општина населена со мнозинство Срби пренесе Слободна Европа на албански јазик.

КОХА: Новата година започна по старо

„Како ќе биде и дали ќе биде, останува да видиме. Но, апсолутно е некоректно, непринципиелно и лицемерно миење раце кога слушате како опозицијата ја обвинува оваа Влада за „Заедницата“. Лесно е да се обвинат другите, тешко е да се прифатат грешките. И ако имаа интелектуална и политичка моќ и храброст, опозицијата ќе требаше да се обедини во заеднички фронт со Владата, да го реши ова и прашањето за долготрајните преговори со Србија.“ , извадок од колумната „Новата година започна по старо“ од Флака Сурои, објавена во косовскиот дневник КОХА.

Д. Тахири

Tags: Еди РамаКосовопартиипритворсредбаТиранаШтрпце
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ