Во тек е трибината „Без табу теми“ на која говорат Реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ. Од многуте значајни изјави кои претставниците на Реформаторите, издвојуваме дека еден од нив се извини за говорот на омраза насочен кон етничките заедници.
Реформаторите ќе направат коренити промени во партијата и ќе ја демократизираат. Тие категорично ги отфрлуваат обвиненијата и дисквалификациите и споделија низа податоци за заканите и за практиките на ВМРО-ДПМНЕ во минатото.
Трибината може да се следи во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ.