• Latest

Ристеска: За Уставниот суд традицијата сѐ уште е пред човековите права

August 31, 2016

Нов притисок врз семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ристеска: За Уставниот суд традицијата сѐ уште е пред човековите права

August 31, 2016 16:27
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Уставниот суд има многу ограничена улога. Иако има можност да се јави како негативен законодавец, да укине или поништи закон, тоа го прави многу ретко, односно само во 18 отсто од случаите. Главно се самоограничува и се воздржува, особено за заштита на човековите права. Во овој дел го ограничува и Уставот, само три човекови права можат да бидат заштитени од Уставниот суд, но сепак, за 25 години независност, има донесено две одлуки за заштита на човекови права и тоа само во еден случај одлуката е мериторна“, е заклучокот во научниот труд „(Не)Трансформативната улога на Уставниот суд на Република Македонија“, кој во разговор за ЦИВИЛ Медиа, го претстави Марија Ристеска, авторката на трудот.

Уставниот суд, во овој труд не се анализира како судска институција, туку како политичка институција, што значи дека Уставниот суд не решава за прават помеѓу две страни во судски спор, туку носи одлуки со кои наметнува нови правила и нови вредност и има моќ да го трансформира општеството.

13083282_1088030164625233_5921803509965370751_n

Марија Ристеска, ЦИКП

Со Ристеска разговаравме за факторите кои влијаат врз пасивната улога на Уставниот суд, како и а препораките кои се дел од трудот.

„Фактори кои влијаат врз улогата на Уставниот суд се мандатот и изборот на судии. Непрецизните квалификации за тоа кој може да биде судија, е првиот проблем. Според сегашните услови доволна е правна диплома и кандидатот да биде истакнат правник, но конкретно не се бараат искуство, добиени случаи, награди, признанија… За судија, условот е кандидатот да има завршено Академија, а за уставен судија, потребна е само диплома, а тоа е највисок суд во државата“, посочува Ристеска.

Проблемот, според истражувањето, е и во мандатот на судиите.

„Мандатот од девет години се смета дека е дирекна гаранција за независноста, но ако се направи кросанализа со квалифакциите, ќе се забележи дека судијата може да е на почеток на кариера и со тоа не се гарантира независност. Тој мора да е фин и милостлив кон властите, за после завршување на мандатот, да може да најде работа. Што нема да е случај ако судиите се избрани на крај на својата кариера“, вели авторката Ристеска.

Тоа што загрижува е и индиферентноста кон меѓународното право и судските пресуди на меѓународните судии. Уставниот суд се повикува на нив но не ги спроведува. Сѐ уште приоритет се дава на традиционалните вредности, пред човековите права. Потврда за тоа се Законот за абортус и Законот за одбрана. Во овие два закона како што вели Ристеска, Уставниот суд, одбива да се повика на човековите права и се повикува на традиционалните вредности.

Потребна е длабока уставна реформа, но не нагло, како што бараат дел од експертите, туку постепено, со изготвување на Закон за Уставен суд, затоа што Македонија е единствена држава во Европа која нема ваков закон, е ставот на Ристеска.

„Ваквата еволуција би опфатила и законски реформи, усвојување на Закон за Уставен суд, подобро регулирање на опфатот на заштитатат на човековите права, што пак би поставило основа за делотворни и успешни процедури кои би ја зајакнале трансформативната и демократизирачка улога на Уставниот суд на Република Македонија“, заклучува Ристеска.

14117724_10154431100952463_5082689761074538093_n

Научниот труд „(Не)Трансформативната улога на Уставниот суд на Република Македонија“ е дел од проектот „Судовите како креатори на политика: оценка на улогата на Уставните судови како агeнти на промена во Западен Балкан”, финансиран од Регионалната програма за поддршка на истражувањето во Западен Балкан на Швајцарската агенција за соработка и развој. Проектот е предводен од Аналитика – Центар за општествени истражувања, а во Македонија беше спроведен од Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП).

На стручната јавна дискусија зборуваа проф. др. Гордана Силјановска Давкова и Судијката Маргарита Цаца-Николовска.

Марија Теговска

Tags: закониизтражувањеМакедонијамеѓународно правотрадицијаУставен судЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ