„Сигурен сум дека овој настан за мене е настан на денот. Се сретнав со вашиот премиер и со претставници на власта и на опозицијата, но јас сметам на Вас. Не гледам светла иднина за Македонија, без вклученост на младите, без вашата посветеност на Европа и вашата креативност. И ве молам, поддржете нè…
Македонија има многу пријатели низ Европа. Јас сум еден од нив. Знам дека спорот со името е мошне, мошне чувствително прашање кое не смее да се потцени, зашто допира до емоциите на народот. Но, дозволете ми да разјаснам неколку работи. Иднината на Македонија е во НАТО и ЕУ, и ова не е само мое мислење, туку и на европските институции, како и на сите 28 земји – членки, и јас би сакал да ја видам Македонија, на мојата страна во Европа, во најскоро време…. Зашто, стабилноста, мирот, просперитетот и демократијата на Западен Балкан се важни. Но, мора да биде јасно дека без договорот за спорот со името, не гледам шанса за вас да влезете во НАТО и ЕУ.
Затоа ние мора да ги оствариме своите ветувања и Македонија мора да ги оствари своите ветувања. Тоа не е обврска само на Владата, туку на сите политички актери, да ја преземат одговорноста за целата земја! Политиката не е игра!
Затоа, вие, младите сте толку важни! Затоа што вие ќе ја изградите иднината на вашата земја. Вие сте ни потребни. Затоа ве охрабрувам да се застанете и да се борите за своите права, да го кренете својот глас. Тука сум да ве ислушам и искрено ќе ги ценам вашите идеи и вашата креативност…“, рече, меѓу другото, во своето излагање министерот Рот.
М. Ивановска