• Latest

Русија покрена кривична постапка против двајца познати критичари на Кремљ

January 9, 2023

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Русија покрена кривична постапка против двајца познати критичари на Кремљ

January 9, 2023 21:32
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Руските власти денеска соопштија дека покренале паралелни кривични постапки против познат актер кој ја критикуваше руската војна во Украина и филантроп кој ја поддржува руската опозиција, што се најнови во повеќемесечната пресметка со неистомислениците.

Рускиот истражен комитет соопшти дека неговиот шеф Александар Бастрикин наредил покренување кривична постапка против истакнатиот руски филмски и театарски актер Артур Смолјањинов, кој ја напушти Русија откако нејзините сили ја нападнаа Украина.

Во соопштението се наведува дека Смолјањинов, кој постојано се изјаснувал против војната во Украина, „даде низа изјави насочени против Русија во интервју за западен медиум“. Од истражниот комитет не прецизираат кое од дејствијата на Смолјањинов претставува кривично дело, ниту за што ќе биде обвинет.

Последното интервју на Смолјањинов минатата недела предизвика бурни протести од поддржувачите на Кремљ. Актерот за европската редакција на весникот Нова Газета изјави дека ако мора да војува, ќе се бори „на страната на Украина“.

За мене тоа значи дека би се борел на страната на моите браќа кои беа нападнати од другите мои браќа, рече Смолјањинов.

Истрагата против Смолјањинов е покрената во време на се поостра реторика за Русите кои ја напуштија земјата поради војната.

Пратениците во рускиот Парламент предложија конфискација на имотот на луѓето кои се преселиле во странство или зголемување на даноците за оние кои продолжуваат да работат од далечина за руските компании, додека други едноставно ги осудија како „предавници“.

Против истакнатиот филантроп Борис Зимин, кој беше ставен на меѓународната листа на најбарани лица од страна на Министерството за внатрешни работи на Русија, е покрената втората кривична постапка, врз основа на обвинувања за измама. Зимин ја напушти Русија во 2015 година.

Зимин финансираше неколку независни руски медиуми, како и проектите на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој отслужува повеќегодишна затворска казна. Навални, најжестокиот противник на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека Зимин платил 79.000 евра за неговата медицинска евакуација во Берлин во август 2020 година, кога опозиционерот беше отруен со нервен агенс, поради што падна во кома.

Tags: актеркривични постапкинеистомисленициРусијафилантроп
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ