Руската пропаганда измисли поставување и рушење на споменикот на Путин во Житомир.
Градоначалникот на Житомир, Серхи Сухомлин ваквата лажна вест ја нарече „крајна глупост“, пренесува Укринформ.
Руските Телеграм канали и Твитер налози шират лажна вест за властите во Житомир кои наводно одлучиле да постават споменик на Путин во градот за потоа да го урнат.
В Житомире установят памятник Владимиру Путину, чтобы его снести.
“Снос памятника Путину – самое желанное зрелище для каждого украинца. Это объединяет людей, заряжает их энергией”, — глава Житомира Сергей Сухомлин
Больные люди,больная страна pic.twitter.com/yYQ9Z0KlRk
— Юстас Алексу (@Vladimi03721352) December 24, 2022
„Уривањето на споменикот на Путин е најпосакуваното шоу за секој Украинец. Ова ги обединува луѓето, им дава енергија“, – ваквите аргументи во врска со поставувањето на споменикот му се припишуваат на градоначалникот на Житомир Серхи Сухомлин од руската пропаганда.
Сухомлин ја отфрли оваа порака во коментар за Укринформ, нарекувајќи ја „целосна глупост“.
Претходно, на 11 ноември 2022 година, во Житомир беше урнат споменикот на Александар Пушкин.
Во меѓувреме, „најпосакуваното шоу за секој Украинец“ е да го види Путин на судење за злосторствата извршени во Украина.
Подготви: Д. Мишев