• Latest

Ружин: Излезот е во владеењето на правото, каде сите се еднакви пред законот!

February 14, 2017

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ружин: Излезот е во владеењето на правото, каде сите се еднакви пред законот!

February 14, 2017 19:27
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Универзитетскиот професор д-р Нано Ружин, низ толкувањето на синдромот „хјубрис“ ја постави паралелата со актуелните состојби во Македонија, со владеењето на Никола Груевски. Повикувајќи се на примери од светската историја и анализи на филозофи од античкиот период до денес, тој даде одговор на прашањето, како да се дојде до решение во актуелната состојба на стеснување на просторот за дејствување на актерите на граѓанското општество, што како глобален феномен, не ја одминува ни Македонија, како дел од кревката структура на Западен Балкан.

„Во 16-тиот век, во своите писма за условите на големците, францускиот филозоф Блез Паскал, смета дека е исклучиво полесно да се едуцираат идните носители на власта. Во денешни услови не постојат династии, тоа  е уште позначајно, бидејќи владејачката позиција не се наследува, туку до неа се доаѓа некогаш и случајно. Не се занесувајте дека сте вие нешто позначајно од останатите луѓе, бидејќи сте и вие обични смртници. Денес се појавија и некои трудови кои се обидоа да докажат дека е на повидок еден нов медицински феномен, една нова заразна болест, од страна на еден чуден, патоген вирус, наречен ‘власт’, кој ги третира властодршците да покажуваат врста на патолошки нарцизам, тоа е синдромот на ‘хјубрис’“, рече д-р Ружин, еден од панелистите во дискусијата „Стеснување на просторот за граѓанско дејствување“, што се одржа денеска во организација на фондацијата „Хајнрих Бел“ – Канцеларија во Сараево и ЦИВИЛ-Центар за слобода.

„Авторот Дејвид Овен во 2008 година ја објави книгата ‘Болеста и владеењето’, каде ја истражува болеста за време на донесување одлуки на шефови на држави или влади во последните 100 години. Концептот ‘хјубрис’ е инспириран од античката филозофија, но и во грчките трагедии како и алегоријата за претераноста. Односно, кога се сака да се приграби повеќе, отколку што судбината ви дозволува, кога славата на некој херој, политичар му удира во глава, а тој самиот се смета за ранг на божество. Кога кон ова ќе ја додадете нашата популистичка авторитарна рамка, взаемната каузалност меѓу организираниот криминал и корупција, кога пијанството од власта создава политичка заслепеност, нетолерантност кон оние што размислуваат поинаку, разбирливо е криминалот да не се доживува како кривично дело, туку како метод на рационално владеење и функционирање на неговиот систем. Бидејќи смета дека како и Цезар во историјата и тој има право да располага со народните пари и да ги сфаќа како приватно богаство. Нашиот драг лидер, ги расфрлаше народните пари, ги таложеше со својата клика низ разни оф шор компании од Кипар и Белизе, до Сејшели и Кајмански острови. Но, и покрај евидентните докази, Јавниот обвинител молчи, а СЈО не е моќен. Се прашувате, како е тоа можно или како што пишува Шекспир, кои чудни времиња – кога лудаците ги водат слепците“, поентираше д-р Ружин.

„Можеби виновникот е хибридноста на режимот, кога постојат институции, но тие не функционираат на демократска, туку на авторитарна основа. Кон ова можеме да додадеме дека авторитарниот популист користи две методи. Една е создавање на сопствен култ, со емоции на воодушевување меѓу масите, кои од време навреме ги наградува, но истовремено, ги контролира, спинува, чита и создава клиентелистички однос. А, вториот метод е репресија, односно заплашување за можна одмазда, доколку дејствуваат поинаку, што исто така се сведува на клиентелизам. Наместо заклучок ќе го цитирам Херодот. ‘Небото секогаш ќе го смалува оној што претерува, водач или херој, на кого славата му удрила во глава и кога се однесува како ново божество. Тоа е всушност – злосторство. Или, поточно кажано, излезот е во владеењето на правото, каде што сите се еднакви пред законот!“, заклучи Ружин.

Tags: авторитарна властграѓанското општествокликаНано РужинНикола ГруевскипанелХајнрих Бел-СараевохјубрисЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ