Покрај очекувањата на Владата за одговрност и нулта толеранција од членовите на Антикорупциска, на денешната прес-конференција оставка побара и потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски.
Таа изјави дека парламентарното мнозинсто ќе покрене постапка за разрешување на Комисијата, доклку самите членови не си дадат оставка.
Основното јавно обвинителство соопшти дека е оформен предмет по допрен глас за трошењето на буџетски средства од членовите на Државната комисија за спречување на корупција.
Обвинителството презема дејствија за утврдување на фактите во предметот, за прибирање на податоци и на потребната документација од Управата за јавни приходи и други релевантни институции, по објавите во медиумите за ревизијата на УЈП која констатирала нерегуларности во работата на ДКСК.
Б.Ј.