• Latest

Се интензивираат преговорите, Димитров и Коѕијас идната недела на средба со Нимиц

February 8, 2018

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Се интензивираат преговорите, Димитров и Коѕијас идната недела на средба со Нимиц

February 8, 2018 09:05
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Се интензивираат преговорите за проблемот што го има Грција со нашето уставно име. Македонскиот премиер Зоран Заев вчера потврди дека следната недела ќе се одржи нова средба на министерско ниво во рамките на процесот за преговори под посредништво на медијаторот Метју Нимиц и рече дека не гледа потреба за промена на Уставот на земјава.

– Барањето за промената на Уставот во разговорите за името се грчки став, но ние имаме наш. Македонија го промени својот Устав во 1993 година да го допрецизира членот 49 вградувајќи го амандманот 2. Ние направивме голем чекор за да го отстраните иредентизмот. Во моментов се што правиме е да докажеме дека Македонија нема никакви аспирации, територијални или какви било, дека Македонија нема иредентистички побуди. Македонија сака да гради пријателство, и од тој аспект, не гледам потреба за тоа, рече Заев.

Тој повтори дека решението за името мора да го гарантира идентитетот и достоинството на двете страни и тука нема дилеми. За најавите од грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, дека подготвува драфт верзија на меѓународен договор, Заев рече дека Македонија е подготвена да искористи се што постои како можност за решение, бидејќи спорот треба да заврши со постигнување меѓународен договор.

Од Кабинетот на Ивнанов вчера потврдија дека претседателот на Република Македонија не е информиран за каков било постигнат договор меѓу македонскиот и грчкиот премиер од нивната средба во Давос, на кој договор се темелат јавните изјави на министерот за надворешни работи на Грција.

По промената на името на скопскиот аеродром, грчките медиуми не ја исклучуваат можноста шефот на грчката дипломатија да го посети Скопје. Коѕијас изразил желба да биде првиот кој од Атина, авионски би дошол во Скопје, но како што претходно информира дописникот на МИА од Атина, сепак за тоа нема потврда.

Останува отворено прашањето дали евентуалното патување од Атина во Скопје, би било со грчки владин авион или пак со лет на грчката компанија Аегеан аирлинес, која пред четири месеци, официјално најави дека Скопје е една од новите дестинации што се воведуваат во 2018 за директни летови од Атина.

Британскиот Дом на лордови, пак, побара од Владата во Лондон да се заложи Македонија да стане членка на НАТО без оглед на тоа дали ќе биде решено прашањето за името.


Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ГрцијаДимитровимеКоѕиасМакедонијаНимицПреговориспор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ