Читаноста на медиумската платформа на ЦИВИЛ вечерва е особено висока што, веројатно, е причина и за, на моменти, релативно бавното отворање на содржините. Нешто над пет илјади читателки и читатели од 48 земји во светот се закачени на веб страницата во моментот на пишување на оваа топ листа.
Најчитани пет содржини на веб страницата civilmedia.mk вечерва се поврзани со Ел Чека, лажните вести што ги шири пратеникот Милошоски, фотографијата што ја објави претседателот Пендаровски, колумната на Џабир Дерала и најавата за интервјуто со Арбен Таравари:
1. Ел Чека му се закани на Али Ахмети
2. Милошоски повторно демантиран: Сè што е кажано се лажни вести, велат од белоруската амбасада
3. Стој на раце кај претседателот Пендаровски
4. Дали Заев ќе му се „заблагодари“ на Ахмети?
5. (НАЈАВА) Искрено, директно и остро интервју со Арбен Таравари
Дежурната екипа на Редакцијата забележа дека единствени земји од Европа каде што нема читатели во овој момент се Унгарија и Русија, што не мора да значи дека таа ситуација нема да се промени.