• Latest

САД повикаа на намалување на тензиите во Егејското Море

February 14, 2018
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

САД повикаа на намалување на тензиите во Егејското Море

February 14, 2018 09:20
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

САД синоќа ги повикаа Грција и Турција за намалување на тензиите во Егејското Море, по инцидентот при кој турски патролен чамец се судри со брод на грчката Крајбрежна стража во реонот на двата мали острови Имија/Кардак, за чии суверенитет спорат двете земји. 

Во соопштение на американскиот Стејт департмент се посочува дека двете земји треба да најдат билатерално решение за спорот.

– Вашингтон го поддржува суверенитетот на сите земји во регионот, вклучително и на Грција и Турција и ги повикуваат двете држави да преземат мерки што ќе доведат до смирување на сегашната состојба, се додава во соопштението на Стејт департментот.

Инцидентот се случи завчера во 23.40 часот по локално време во реонот на Имија/Карадак, кога турско патролно пловило удри во брод на грчката Крајбрежна служба, при што е предизвикана само материјална штета, но не е повреден ниту еден од членовите на двата екипажи.

Генералниот секретар на грчкото Министерство за надворешни работи вчера упати демарш до неговиот турски колега во врска со инцидентот. Истовремено, во грчкото Министерство за надворешни работи беше повикан и турскиот амбасадор во Атина.

– Опасни инциденти како овој, што ги ставаат во опасност човечките животи, се резултат на интензивното и провокативното однесување на Турција, што е зголемено во последните денови. Турција мора да запре со прекршувањата на меѓународното право и со постапките кои не придонесуваат за развој на односите меѓу двете земји, постапки што ја поткопуваат регионалната безбедност и стабилност, кои Грција ги брани и ќе продолжи да ги брани, соопшти грчкото Министерство.

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ГрцијаЕгејско МореинцидентСАДтурција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ