Одлуката на Владата да ја задолжи државата со нова еврообврзница од 650 милиони евра, е поводот за денешниот протест на Шарената револуција. Како што е наведено на официјалната Фејсбук страна, еврообврзницата од 650 милиони евра, за која граѓаните, во наредните 10 години ќе плаќаат 450 милиони евра камата, се „1,1 милијарда причини за протест!“
„Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте. Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2.200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште по 330 евра, во очајнички обид да продолжи да владее криминално. Нема да дозволиме! Не прифаќаме државата и граѓаните да тонат во долгови! Не ги признаваме долговите на расипниците!”, велат шарените револуционери.
Протестот е закажан за денеска во 19 часот, пред Специјалното Јавно обвинителство.
ЦИВИЛ Медиа, на тема – новото задолжување на Македонија, причините за еврообврзницата и како тоа ќе влијае врз граѓанките и граѓаните, разговараше со економскиот експерт Џевдет Хајредини и експертот за финансии Бранимир Јовановиќ,