• Latest

Шилегов: Македонија мора и може да ги победи Груевски и груевизмот!

July 19, 2016
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Шилегов: Македонија мора и може да ги победи Груевски и груевизмот!

July 19, 2016 15:42
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Во разговор за ЦИВИЛ Медиа, Петре Шилегов од СДСМ, тврди дека владејачката партија намерно ги одолговлекува преговорите – колку да избегне фер и демократски избори. Тој истакна дека првите луѓе на МВР ќе треба да се сменат со професионалци и на тој начин, да се контролираат партиските послушници во униформа кои нема да може да извршуваат наредби од партијата. Во однос на медиумите, Шилегов тврди дека се прават напори да има минимално медиумско информирање на граѓаните во предизборниот период, но и дека, „откако ќе има нормална власт“, ќе се менуваат сите донесени контрадикторни закони

Портпаролот на СДСМ, денеска на својот ФБ-профил објави долг статус за „потребата на ВМРО-ДПМНЕ, пред јавноста да создава искривена слика“ за вистинскиот виновник „за непостигнувањето договор, за неможноста да се надмине кризата и за неодржувањето фер и демократски избори“, обвинувајќи ја партијата на власт дека така се однесува единствено за „пред своето членство и симпатизери да остави слика на непопустливост и кај просечниот македонски граѓанин да создаде слика дека ‘се сите исти’”. По тој повод, разговаравме со него за исходот на преговорите, регулирањето на медиумската сфера и состојбите во МВР

ЦИВИЛ Медиа: Тврдите дека владеачката партија намерно ги одолговлекува преговорите, зашто, „владеењето на Груевски и на ДПМНЕ, не е ништо освен една голема лага“, која мора да продолжи, „затоа што едноставно не знаат поинаку“… Има ли место за оптимизам? Дали преговорите ќе ги задоволат барањата на јавноста, особено на граѓаните кои демонстрираа на улиците ..?

ШИЛЕГОВ: Имајќи предвид дека преговорите се одвиваат повеќе од една година, со цел да доведеме до пленум на општествени промени, на државни промени, за да обезбедиме услови за конечно одржување на слободни и демократски избори во Република Македонија. Да, може да се каже дека мора да постои оптимизам, бидејќи чекор по чекор, се приближуваме како држава, кон обезбедување на едни минимални услови. Сериозните општествени промени допрва се предизвик со кој ќе се соочи македонската држава и македонското општество. Напоменувам дека во добар дел проблемите на македонското општество се содржани во Извештајот на Прибе, и за нив не се разговара и не се преговара, бидејќи е невозможно – луѓето кои ги создадоа тие проблеми да бидат дел од решението. Македонија може и мора да го победи Никола Груевски и „груевизмот“, со што ќе создадеме една нормална држава и едно нормално општество.

11101257_1821452881412635_7378622046778417574_n

ЦИВИЛ Медиа: Опозицијата потенцира дека претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја манипулираат јавноста со невистините податоци за наводно отпуштени и сменети вработени во МВР – од техничкиот министер Оливер Спасовски. Но, како без отпуштање на партиските кадри и послушници, СДСМ ќе го трансформира „МВРО“ во нормално МВР?

Шилегов: Министерството за внатрешни работи, како впрочем и сите државни институции во Република Македонија, за жал, се предмет на целосна партизација од ВМРО – ДПМНЕ во изминатиот период. Станува збор дека е потребно клучните позиции коишто во овој конкретен орган го прават оперативен и функционален, да бидат ставени под надзор и контрола на вистински професионалци, а не на партиски војници, тоа е нешто на којшто тежнееме. Во такви услови, раководена од професионалци, ќе бидат оневозможени евидентните партиски војници и кадри на ВМРО – ДПМНЕ во Министерството, да ја спроведуваат „вмровизацијата“ на МВР. Тука е клучната поента на партиските војници – нема да им биде овозможено да извршуваат партиски задачи, бидејќи ќе нема наредби, ќе нема директен претпоставен кој ќе им ги испорача и којшто ќе прави притисок и надзор да бидат спроведени.

ЦИВИЛ Медиа: Власта денеска во Собранието расправа за рекламирање на државните институции, а прашањето за вистинска регулација на медиумската сфера, како веќе да не е на дневен ред. За што воопшто се преговара за медиумите, кога власта самата си носи закони?

Шилегов: Медиумите се под знак прашање и ќе мора да бидат предмет на регулација, но по постгруевистичкиот период што и претстои на Република Македонија. Она за што се разговара и преговара е – обезбедување на минимум услови коишто ќе обезбедат објективно информирање на македонската јавност за време на (да го наречеме) предизборието. Никој не може да го спречи Груевски во моментот, имајќи ги предвид политичките односи и бројките во Собранието, да  носи закони по свој терк. Меѓутоа, тоа ќе бидат закони кои ќе бидат предмет на сериозни  анализи и предмет на сериозна промена, до која што ќе дојдеме заедно. Во конкретниот случај со медиумските работници, со засегнатите страни, за нас во СДСМ и за Република Македонија, неопходно е да обезбедиме, повторувам, минимум фер и демократски избори. Сите сериозни промени во општеството ќе мора да ги спроведеме! За жал, од држава којашто имаше сериозен корпус на реформи и кандидатско членство во ЕУ, станавме партиска марионета на Груевски.

Дехран Муратов

 

Tags: властзаконМакедонијаМВРМедиумиСобраниеЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ