• Latest

Штитејќи ја ДУИ, Заев ја изигра надежта на Албанците!

November 9, 2017

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Штитејќи ја ДУИ, Заев ја изигра надежта на Албанците!

November 9, 2017 14:36
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Пазарот е сосема нееквивалентен. Конечно излезе на виделина договорот на СДСМ со ДУИ во вториот круг на изборите за градоначалник во општините во кои Албанците се мнозинство.

Пишува: Џевдет Хајредини

Само заради еден повик на Али Ахмети кон неговото членство, да гласа  за кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, Зоран Заев им нареди на неговите членови да гласат за кандидатите на ДУИ во сите општини, населени со мнозинство Албанци. За помошта на Али Ахмети, Заев не ни имаше потреба, знаејќи од минатото дека Албанците без ничиј повик, кога имало потреба, гласале за кандидатите на СДСМ, како за претседател на државата, така и за градоначалник на Град Скопје и никогаш не гласале за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Разумно и фер од Заев ќе беше да ги повикаше неговите членови да гласаат според нивните убедувања, знаејќи дека кандидати на изборите имаат и другите албански партии, исто така, и учесници и поддржувачи на Владината коалиција.

Али Ахмети особено не заслужуваше ваква форма на поддршка, кога се знае дека токму тој, пред помалку од една година, со заканувачки стил, се потруди да му го спречи повикот на Заев, Албанците да гласат за СДСМ. Во тој случај, Али Ахмети, уште ги третираше Албанците како негови „овци“, а тој, „овчарот“, ги чува, да не му ги одземе некој. Но, за среќа на Заев, голем број на гласачите-Албанци, без дозвола на Али Ахмети, гласаа за СДСМ, со што се создаде првиот и неопходниот услов за Заев, да ја продолжи битката за дефинитивно уривање на режимот на Груевски, кој со последните напори, со помош на половина пратеници на ДУИ, се потруди политички да преживее. Исто така, знаеме колку напор им требаше на меѓународните претставници да го убедат, или подобро речено, да го принудат Али Ахмети да се раздели од Никола Груевски и да му се придружи на Зоран Заев.

Речиси десет години, Али Ахмети беше на власт во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, не остварувајќи ниедно барање на Албанците, доведувајќи ја Македонија во состојба на единствена држава во Европа, за која Европската комисија смета дека е во полоша состојба – за разлика од пред десет години.

Уште е нејасно која е причината за на ваков груб начин, во предизборната кампања да се вмеша актуелниот премиер, во својство на претседател на СДСМ, а во придружба и на Љубе Бошкоски. Заев отиде толку далеку, што на предизборната кампања пред граѓаните на населбата Мала Речица во Тетово, им вети дека тој ќе го гради училиштето, кое во минатиот мандат Теута Арифи не успеа да го изгради.  Останува неизвесно што ќе се случуваше со училиштето ако кандидатката на ДУИ не победеше? Слично делуваше премиерот, со појавувањето на сите други митинзи на ДУИ и потенцирајќи дека Владата и тој самиот, ќе ја даваат потребната поддршка на сите градоначалници на општините од оваа партија.

И претставничката на ОБСЕ, Одри Гловер, во нејзиниот извештај има забелешка дека Заев во неговата кампања за поддршка на кандидатите на ДУИ, ветувал оти во општините каде ќе победи ДУИ, ќе имаат поддршка од Владата за ветувањата да се остварат.

На овој начин, Заев ја овозможи победата на ДУИ во Тетово, Струга и Чаир. Меѓутоа, бројот на гласови со кои се оствари победата во овие општини, е многу помал во однос на албанските гласови кои ДУИ ги „држи“ во списокот на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор, и со пари од буџетот со години, без никаква законска основа ги плаќа, грубо кршејќи го нивното достоинство и моралниот интегритет, не систематизирајќи ги во државната администрација, како што правеше ВМРО-ДПМНЕ со своите членови.

Без овие гласови, ни гласовите на СДСМ и на партијата на Љубе Бошкоски, немаше да се доволни за победата на кандидатите на ДУИ.

Државниот правобранител, со право, оваa состојба ја смета за кршење на елементарните граѓански права и оневозможување на нивниот професионален развој.

Денес е потребно Албанците, особено новите генерации, да ги потсетиме на пролетта 2001 година. Љубе Бошкоски беше поканет во Шипковица, со автобуски конвои да ги спаси жените и децата од шарските села над Тетово, од опасноста што им „се заканува“ од ОНА. Истиот Љубе Бошкоски, со кого денес, кандидатката за градоначалничка на Тетово се фотографира на предизборен митинг, кога ги ликвидираше емигрантите-Пакистанци, прво ги облече во униформи на ОНА. Кој можел да претпостави во тоа време дека со помош на „Брат Љубе“, Албанка ќе победи на изборите за градоначалничка на Општина Тетово.

Само со законот за амнестија на Хашките случаи, Груевски се обезбеди за цел мандат. „Да бидеме раат цел мандат“ – слушнавме од една „бомба“, во која Груевски ги повикуваше пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го гласат овој закон. Потоа, без никаква пречка ја остварија нивната програма наречена „Преродба во 100 чекори“. Слично и Заев, обезбедувајќи победа за кандидатите на ДУИ, практично обезбедува простор, како и ВМРО-ДПМНЕ досега, без никаква пречка, да ја оствари неговата програма.

Заев, дефинитивно ја изигра надежта на Албанците, со чија помош, заедно и со голем број интелектуалци и со големиот придонес на медиумите на албански јазик, на парламентарните избори успеа да добие четириесет и девет пратеници и да продолжи да ја остварува мисијата за уривање на режимот и за ослободување на државата од ропството на ВМРО-ДПМНЕ, во блиска и лојална соработка со ДУИ.

[divide]

(Колумната е објавена на албански јазик во “Lajm Press” на 6 ноември и е преземена со дозвола на авторот)

Tags: АрифиАхметиБошкоскиВМРО-ДПМНЕДУИЗаевТетовоХајредини
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ