• Latest

Што е, а што не е во интерес на јавноста во работата на ДИК?

December 4, 2017

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Што е, а што не е во интерес на јавноста во работата на ДИК?

December 4, 2017 18:27
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Најавената јавна седница на Државната изборна комисија (од денеска за утре), за да расправаат по предлог-одлука за отповикување на донесените одлуки за определување на надоместок за членовите на Државна изборна комисија и вработените во стручната служба за спроведените избори, ја става под знак прашање, легитимноста на која повика амбасадорот на САД, Џес Бејли.

Доколку оваа реакција на ДИК е токму тоа, под притисок, или како што вели во сопштението „поради повикот на јавноста“ членовите на ДИК се одлучија на ваков чекор, во спротивно ќе си останеше само јавна тајна, тогаш еве уште неколку примери во контекст на изјавата на Бејли.

Додека Бејли ја посочува ДИК, како институција чии членови „си изгласале дополнителна плата за четири дополнителни месеци за нивната работа на октомвриските избори“, а претходно истата процедура ја спровеле за изборите во 2016, можеби легално, но зад затворени врати (јавно, ама тајно).

Кога сме веќе кај трошењето на јавните пари во оваа институција, останува отворено и прашањето, дали имало или немало буџет за исплаќање на членовите на избирачките одбори. На пример, според извори на ЦИВИЛ, кои сакаа да останат анонимни, два члена на избирачки одбори на изборите во 2014 година, сѐ уште не се исплатени, а самите тврдат дека не се единствените кои останале без надоместок за завршената работа.

Овие два верификувани случаи се само индикатор за лошото менаџирање со јавните пари во ДИК, а следствено ги потврдуваат наодите и информациите на ЦИВИЛ, не само за изборите во 2014, туку и во 2016 и 2017.

Дека ДИК не е отворена за јавноста, потврдува и барањето на ЦИВИЛ за информации од јавен карактер, што беше одбиено со образложение дека информациите побарани на увид, меѓу кои и за висината на поединечните месечни примања на членовите на Државната изборна комисија, (9-те члена, вклучително и Претседателот и неговиот заменик) за 2016 и 2017 година, не се наш интерес или од интерес на јавноста.

„Побараните информации во барањето не се од јавен карактер и од тие причини истите не можеме да Ви ги доставиме во начин и форма во кои ги побарувате“, беше одговорот на ДИК.

Прашање до институциите, па и до Државната изборна комисија: Потребни ли се меѓународни „укажувачи“ за нешто да се смени во начинот на работење или, во контекст на промените, дали конечно ќе се одважат на транспарентност и одговорност!?

Биљана Јордановска 

Tags: ДИКизјавитранспарентностЦивилЏес Бејли
Share109TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ