• Latest

Северна Кореја и натаму подготвена за преговори со САД

May 25, 2018

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Северна Кореја и натаму подготвена за преговори со САД

May 25, 2018 09:18
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пјонгјанг и натаму е подготвен да преговара со САД и покрај одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за откажување на неговата најавена средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, изјави денеска првиот заменик-министер за надворешни работи на Северна Кореја, Ким Кје-гван.

– Одново ја изразуваме нашата подготвеност да седнеме со САД лице в лице и да ги решиме проблемите во секое време и во секаков формат, изјави Ким Кје-гван.

Тој нагласи дека севернокорејскиот лидер правел крајни напори да се одржи неговата средба со Трамп, оценувајќи дека одлуката на американскиот претседател за откажување на самитот „не е во согласност со желбите на светот“.

– Нашата решеност да ги вложиме сите сили во интерес на мирот и стабилноста на светот и Корејскиот Полуостров останува непоколеблива и подготвени сме да им дадеме на САД време и можности, нагласи заменик-министерот Ким.

Во меѓу време, американскиот државен секретар Мајк Помпео и јужнокорејскиот министер за надворешни работи Канг Кјунг-ва во телефонски разговор се договрија САД и Јужна Кореја да продолжат да работат на создавање соодветни услови за преговори меѓу Вашингтон и Пјонгјанг.

Трамп вчера ја откажа средбата со севернокорејскиот лидер, што требаше да се одржи на 12 јуни во Сингапур, поради „огромниот гнев и отвореното непријателство на Ким Џонг-ун во неговата неодамнешна изјава“.

– Се радував однапред дека ќе бидам таму со вас. За жал, поради огромниот гнев и отвореното непријателство прикажано во последната изјава, сметам дека е непримерно, во овој момент, да се одржи овој долго планиран состанок, му напиша Трамп во писмо на севернокорејскиот лидер, со кое ја откажа средбата.

Сингапур изрази жалење поради откажувањето на средбата, додека Токио нагласи дека ја разбира одлуката на Трамп.

– Бесмислено е да се одржува средба која не се очекува да донесе никакви резултати, изјави шефот на јапонската дипломарија Таро Коно.

Рускиот престедатал Владимир Путин изрази жалење поради откажувањто на средбата, нагласувајќи дека се уште се наедва оти таа сепак ќе се одржи.

– Сите очекуваа таа (средба) да означи почеток на ослободување на Корејскиот Полуостров ов нуклеарното оружје. Се надеваме дека дијалогот ќе продолжи и дека средбата ќе се одржи, изјави Путин на заедничка прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон во Санкт Петербург.

Францускиот претседател од своја страна повика на продолжување на дијалогот меѓу САД и Северна Кореја, додавајќи дека сака продолжување на процесот на неширење на оружјата за масовно уништување. (МИА)

Tags: ПреговориСАДСеверна Корејасредба
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ