Претставници на сириската опозиција успејаа да се договорат да испратат заедничка делегација на претстојните преговори со сириската Влада во Женева под покровителство на ОН.
„Постигнавме договор со други опозициски организации да испратиме заедничка делегација да учествува во директните преговори во Женева“ – изјави Басма Кодмани, член на Националната коалиција на сириските револуционерни и опозициски сили.
Тој додаде дека денеска ќе се одржи нова средба, на која ќе бидат определени претставниците на 50-члената опозициска делегација, што ќе заминат во швајцарскиот град.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.