• Latest

СЕМ: Медиумите мора да пласираат вистина!

April 20, 2016
Foto: Wikimedia commons

Фон дер Лајен: Подготвени сме да напишеме ново поглавје во односите меѓу ЕУ и Кина

July 8, 2025
Фото: Основно јавно обвинителство

Oтворена првата просторија за сослушување на деца – жртви и сведоци на трговија со луѓе во рамки на Јавното обвинителство

July 8, 2025

Израелскиот план за присилно преместување на населението од Газа „хуманитарен град“ е план за злосторства против човештвото, алармираат адвокати за човекови права и правни експерти

July 8, 2025

ДЗР: Недоволниoт буџет за програми за здравствена заштита и застојoт во капиталните инвестиции влијаат на квалитетот и достапноста на здравствените услуги

July 8, 2025
Фотографија: Ал Џезериа Фејсбук профил

Во Газа, гладот не е катастрофа, туку тактика – хуманитарната помош станува оружје

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
NBC News

Најмалку 11 мртви и стотици уапсени во антивладините протести во Кенија

July 8, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп најави нови тарифи до 40% за сè поголем број земји

July 8, 2025

УНЕСКО: Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на повеќе од 100

July 8, 2025

Извештајот на Вајц денеска на дискусија пред европратениците

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

СЕМ: Медиумите мора да пласираат вистина!

April 20, 2016 12:58
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Медиумите мора да дејствуваат на начин што ги разликува од обични преносители на информации и факти  и треба да ја применат и својата улога како смирувачи на тензиите во општеството, а особено во случаи кога се изнесуваат проценки за можна ескалација на случувањата“, соопшти Советот за етика во медиумите во Македонија, како професионално тело за саморегулација во медиумите.

Набљудувајќи го медиумското известување, по најновите превирања на политички план и реакциите на граѓаните, СЕМ повторно ги потсетува медиумите да не ја злоупотребуваат својата улога и да послужат како платформа за потпалување на ситуацијата и засилување на тензиите во општеството.

„Имајќи го предвид фундаменталното право на слобода на медумите, ги потсетуваме новинарите и уредниците дека медиумските извештаи мора да ја содржат вистината и да не иницираат полемики и дискусии со кои ќе се разгорат тензиите и ќе се влошат односите меѓу граѓаните… Медиумите треба да ги објаснат фактите, учесниците во случувањата, различните позиции и прашања, како и внимателно и аналитички да ги истражат настаните. Не е новинарски да се развиваат и градат дебати врз основа на лаги и невистини, со што граѓаните би се довеле во заблуда. Пренесувањето и давањето простор на шпекулации се изедначува со ширење невистини и пропагандизам, наспроти урамнотежено и професионално информирање. На јавноста треба да и се понуди вистинската слика и да се претстават објективните потреби и загриженост, а особено имајќи предвид дека граѓаните кои не биле дел од одредени случувања својата информираност ја потпираат токму на медиумите“, се вели во соопштението на СЕМ.

СЕМ апелира и да не се злоупотребуваат коментарите и анализите во медиумите, зашто според ова тело, „во битката за стекнување поголема публика, не смее да настрада професионалното новинарство и улогата на медиумите како активен и објективен набљудувач на случувањата, а недостигот на медиумски слободи не смее да се искористува како аргумент за погрешно однесување и пласирање невистини“.

Особено, СЕМ ја потенцира и осудува можната злоупотреба на Интернет порталите, „за пропаганда и повици за обединување на поединци и групи за радикално однесување и постапки кои го загрозуваат јавниот ред и мир во општеството“.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: МакедонијаМедиумипропагандаСЕМслободаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ