МВР денеска соопшти дека граѓанин од Скопје минатата година му се заканувал на американскиот амбасадор Џес Бејли, испраќајќи пораки на официјалниот Фејсбук профил на амбасадата на САД во Македонија.
Според МВР, скопјанецот Т.Т. (34) од 14-ти до 16-ти април минатата година од својот профил на Фејсбук испратил коментари со недолична содржина и неколку индиректни закани кон амбасадорот и неговото семејство и јавно го изложил на подбив. Со тоа, според Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во МВР, кој поднесе кривична пријава против него, скопјанецот е осомничен за кривичното дело „повреда на угледот на странска држава“