• Latest

Села: И ДУИ и ДПА се одговорни, но виновници за состојбата на Албанците во Македонија се ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ!

December 26, 2016
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Села: И ДУИ и ДПА се одговорни, но виновници за состојбата на Албанците во Македонија се ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ!

December 26, 2016 17:58
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Средбата помеѓу претставниците на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Алијансата за Албанците (колицијата на Движењето за реформи во ДПА, НДП и Унитети), која се одржа викендов, не претставува почеток на коалиција, категоричен е лидерот на ДРДПА, Зијадин Села, кој даде изјава за ЦИВИЛ Медиа, во име на Алијансата.

Во разговорот за ЦИВИЛ Медиа, Села ја посочи целта на разговорот со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, потенцирајќи дека и останатите албански партии беа поканети да учествуваат.

15683079_10154012760900685_1557248283_n-640x359-620x330

„Барања доставуваме до нашиот народ за да нé гласаат, ова се услови кои ќе се испорачаат до политичките партии. Средбата е договор за коалицирање, само значи дека отсега па натаму, албанските политички партии ќе делуваат политички заедно, а не – како изминатите 25 години – поделени, без заеднички ставови од што резултатот е експлоатација на Албанците, монтирани политички процеси, кршење на правата… Јас работам за унифицирање на заедничките ставови на албанските партии, не само за овие избори, туку засекогаш“, ни изјави Села.

На прашањето дали фактот што од споменатите 25 години, дури 13 години, ДУИ е дел од владејачката коалиција, не е ја прави токму неа – дел од причините за проблемите со кои се соочуваат Албанците, Села вели:

„Најголемата вина ја имаат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тие заедно ни ги скратија правата во 1991 година, со Уставот. Главните виновници се тие. ДУИ е еден од актерите кои биле немоќни, како и другите политички партии – како ДПА, ако зборуваме за минатите 25 години, тие се немоќниците кои не спречувале вакви политики кои Македонците ги правеле: прогласување на независност, врз база на скратување на правата на една третина од населението кое живее во Македонија. Имаат и тие дел од одговорноста, но најголеми виновници се ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Мојот пристап во врска со ставот што го имам, сега ќе го објаснам со ретровизорот додека возиш. Можеш да гледаш напред, или да гледаш постојано во ретровизор, а така, сигурно ќе направиш сообраќајка“, вели Села.

untitled

На средбата која иницираше ДУИ, не учествуваа претставници на политичките партии Беса и ДПА.

ЦИВИЛ Медиа, разговараше и со Орхан Муртезани, портапол на Беса. Причината поради која Беса не одговори позитивно на поканата на ДУИ, за учество на оваа средба, како што вели Муртезани, е во тоа што „Али Ахмети нема кредибилитет да повикува на ваква средба, а Беса нема да седи на иста маса со луѓе осомничени од СЈО, како, на пример. во случајот ‘Маѓар Телеком’“.

„Беса нема да коалицира со партии чии членови се осомничени од СЈО, отворени сме за соработка со остантите кои го прифаќаат нашиот концепт за редефинирање на државата“, е ставот на Беса, по однос на прашањето за можни коалиции за формирање на нова влада.

На средбата присуствуваа Ахмети и Теута Арифи од ДУИ, Зијадин Села (претседател на ДР на ДПА, Весел Мемеди (претседател на НДП) и Гзим Острени (претседател на Унитети).

Марија Теговска

 

 

Tags: албански партииБесаДУИЗијадин СелаСЈОЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ