„Ја поддржувам кандидатурата на Арбен Таравари за градоначалник на Општина Гостивар, бидејќи ние на овие локални избори што ќе се одржат наскоро, ќе настапиме со најдобрите кадри за да победиме“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Зијадин Села, претседателот на Алијансата на Албанците, (претходно на ДР ДПА).
Тој истакна дека Таравари е генерален секретар на партијата и добро е што квалитетна личност како него ќе се кандидира за градоначалник на Гостивар.
На прашањето кој ќе ја преземе сегашната позиција на министерот за здравство д-р Арбен Таравари, тој ни одговори дека за неговата замена ќе се одлучи на Централен одбор, кој треба да се случи наскоро.
„Сега не може да кажам кој ќе биде на местото на Тарвари, за тоа ќе одлучи партијата на Централен одбор“, додаде Села.