• Latest

(ВИДЕО) Слободни избори, тивок бојкот, кршење на изборниот молк, агитација и непочитување на процедурите: Извештај на ЦИВИЛ

May 10, 2024

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

(ВИДЕО) Слободни избори, тивок бојкот, кршење на изборниот молк, агитација и непочитување на процедурите: Извештај на ЦИВИЛ

May 10, 2024 11:25
in АНАЛИЗИ, ГРАЃАНСКА, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Прелиминарна оценка на Парламентарните избори одржани на 8 мај е дека тие изминаа во мирна и демократска атмосфера, без инциденти и без значителни нерегуларности.

Општо земено, граѓанките и граѓаните со право на глас имаа можност да ја изразат својата избирачка волја слободно, соодветно на Изборниот законик и демократските принципи и стандарди.

Сепак, со оглед на принципот Нулта толеранција за изборните нерегуларности што го следи ЦИВИЛ во својот мониторинг, за одбележување се повеќе видови нерегуларности кои беа забележани на 8 мај. Ставот на ЦИВИЛ е дека тие случаи, регистрирани на самиот ден на гласањето, не влијаат значително на општата оценка која е позитивна.

Овие оценки се однесуваат на краткорочниот мониторинг кој го опфаќа изборниот молк и денот на гласање.

Анализите и оценките кои произлегуваат од долгорочниот мониторинг на изборниот процес и општествено политичките состојби и трендови веќе сега се во поодмината фаза на подготовка и ќе бидат презентирани на почетокот на јуни оваа година.

Сенка на изборниот ден фрлија повеќе извештаи кои се однесуваат на тоа што се случуваше во самите избирачки места. Очигледно е дека еден дел од членовите на избирачките одбори низ целата земја – или не се доволно добро обучени, или се оддадоа на исполнување политички агенди, со тоа што агитираа, односно се обидуваа да извршат влијание врз дел од гласачите. Зависно од тоа од кој политички табор беа ангажирани, дел од членовите на избирачките одбори во избирачките места што ги опфатија набљудувачите на ЦИВИЛ, го поддржуваа или се обидуваа да го спречат бојкотот на Претседателските избори.

Исто така, се бележат и случаи на кршење на изборниот молк и нарушување на тајноста на гласањето, а во еден дел од случаите, се бележи непостапување по однос на кршење на изборниот молк од страна на набљудувачите, партиски или граѓански. Илустративен случај е оној од избирачко место во градинката „Пролет“ во населба Козле во општина Карпош, Скопје, каде што набљудувачката ја пушташе химната на ВМРО-ДПМНЕ на својот телефон, среде избирачкото место. Реакција имаше само откако граѓанин упатил забелешка.

Понатаму, се бележи и недоволна информираност на граѓанките и граѓаните за процедурата на гласањето за претседател и за парламент, особено засилена со непознавањето на процедурите и од страна на избирачките одбори. Околу 50 повици од граѓанките и граѓаните се однесуваа на тоа дека не било јасно дали ИО имаат право да ги прашуваат гласачите дали ќе земат едно или две гласачки ливчиња. Ова е сигнал дека процедурите и избирачките права се недоволно добро објаснети во подготвителниот период, односно кампањата на ДИК за граѓанска едукација.

Неславен е инцидентот кој го предизвика член на ИО во с. Јанчишта, општина Јегуновце, во кој набљудувач на ЦИВИЛ беше вербално нападнат со клевети и навреди против организацијата. За овој случај, запознаена е и ДИК и меѓународната заедница.

Изборите и на 7 и 8 мај изминаа во знакот на кршење на изборниот молк. Партиските активисти, па и функционери, како и анонимни профили на социјалните мрежи познати на Цивил мониторинг тимот како партиски пропагандисти – водеа вистинска војна на социјалните мрежи.

Оваа констатација се однесува на сите учесници во парламентарните избори кои се одржаа на 8 мај.

ЦИВИЛ распореди 80 мобилни краткорочни набљудувачи низ целата земја.

ЦИВИЛ спроведе и долгорочен мониторинг на изборниот процес, почнувајќи од 28 јануари, кога беше изгласана техничката влада на земјата, задолжена за спроведување на изборниот процес.

Во тој период, се бележат две остро спротивставени политички опции, во кои доминираа националистичките наративи, наспротив про-ЕУ опцијата.

Воедно, ЦИВИЛ во текот на 2023 година учествуваше во РГ за измени на ИЗ, а паралелно со тоа спроведуваше и мониторинг на социополитичките процеси и трендови, со фокус на дезинформациите, националистичките, антизападните и антидемократските наративи, како и хибридните закани против нашата земја.

Организацијата редовно ги објавува своите извештаи и анализи на медиумската платформа ЦИВИЛ МЕДИА на македонски, албански и англиски јазик.

Подготви: ЦИВИЛ Тим за аналитика
Презентација на македонски: Џабир Дерала
Камери: Дехран Муратов
Реализација: Ариан Мехмети

Tags: избориизвештајмониторингЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ