• Latest

Слободно ќе се движат бегалците на шест грчки острови

April 18, 2018

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Слободно ќе се движат бегалците на шест грчки острови

April 18, 2018 10:36
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Наместо досегашната пракса, да бидат затворени во центрите за идентификација и регистрација, т.н. hot spots, бегалците што од сега, па натаму ќе пристигнуваат на шест грчки острови, нема да бидат под строгиот режим со ограничување на движењето и ќе можат да се движат слободно, одлучи грчкиот Уставен суд.

Станува збор за островите Лезбос, Самос, Хиос, Лерос, Родос и Кос кои се први на удар на бегалските и мигрантските бранови од Турција.

Според грчките медиуми, таа одлука нема да важи за оние кои што од 20 март 2016 се наоѓаат на шесте острови. Тие и понатаму ќе бидат под постоечкиот режим, но сите оние што ќе пристигнат во следниот период ќе имаат комплетна слобода на движење.

Уставниот суд на Грција, оценил дека спорното ограничување на движењето не е забрането од Уставот или од други законски одредби, а со воспоставениот режим барателите на азил се концентрираат само на едно место, а не на целата територија на земјата.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од Министерството за миграциска политика на Грција, преку соопштение велат дека ќе ја разгледаат одлуката на Уставниот суд, и дека во грчкиот парламент „веќе е доставен закон во кој постои соодветна одредба со која се регулира прашањето“.

Одлуката на Уставниот суд доаѓа по поднесената жалба од грчкиот Совет за бегалци и барањето да се укине одлуката од 2016 на директорката на службата за азил, за ограничување на движењето на барателите на азил на 6те грчки острови.


Извор: МИА

Tags: азилГрцијамигрантитурција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ