Викендов во Струга, ЦИВИЛ – Центар за слобода, ќе го одржи четвртиот регионален семинар за граѓанско новинарство.
Семинарот ќе се одржи на 18 и 19 март 2017 (сабота и недела) во хотелот „Монтенегро“, со почеток во 11 часот, во сабота. Право на учество на семинарот имаат сите полнолетни граѓанки и граѓани од општините Струга, Охрид, Дебар, Центар Жупа, Кичево, Белчишта и Дебарца.
Ова е четврти семинар за граѓанско новинарство, по трите успешни семинари кои се одржаа во Битола, Велес и Струмица.
Иновативноста во методите на известување, ги става граѓанските новинарки и новинари на фронталната линија на објективното и навремено информирање за сопствените искуства и сведоштва и на тој начин придонесуваат кон пробивање на медиумскиот мрак во земјата, без цензура и без страв.
Сите што се заинтересирани за учество во семинарот, можат да се пријават преку пополнување на онлајн формуларот на компјутер или на мобилен, што одзема само неколку минути. Можно е и аплицирање преку електронската адреса на [email protected], со кратка биографија и мотивациско писмо (максимум по 10 редови) во кои кандидат(к)ите накратко ќе ги опишат своите вештини и ќе изразат подготвеност за учество на семинарот.
Трошоците за сместување и транспорт (за учесниците/учесничките од подалечните општини) ќе бидат покриени од ЦИВИЛ. За повеќе информации, заинтересираните можат да се јават на 02/5209176, или да напишат порака на [email protected] или на Фејсбук страницата Citizen Journalists.
За да останете во допир со содржините поврзани со проектот „Граѓански објектив“, лајкнете ја Фејсбук страницата и посетете ја веб страницатa Граѓански објектив.
Проектот Граѓански објектив е финансиски поддржан од National Endowment for Democracy.