ВЕСТ НА ДЕНОТ
Со идентификациски број – пристап до работа во три земји
Без никакви административни бариери граѓани на Србија, Северна Македонија и Албанија ќе можат да бараат работа и да се вработат во некоја од трите земји, со помош на идентификациски броеви што се предвидени со иницијативата „Отворен Балкан“.
Ваквиот слободен пристап до пазарот на трудот во земјите на „Отворен Балкан“ ќе биде овозможен со договорите што кон крајот на декември во Тирана ги потпишаа Еди Рама, Александар Вучиќ и Зоран Заев за слободен пристап до пазарот на труд, односно за единствена работна дозвола за сите три земји.
Според оптимистички прогнози, првите идентификациски броеви се очекува да бидат издадени на крајот на мај или почетокот на јуни, што би значело дека уште ова лето може да има голема флуктуација на работна сила во трите земји.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Ахмети ја осуди најавата за блокада на Собранието
„Блокадите не се катeгoрии на демократијата“, вака лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети ја коментираше најавата за блокада на работата на Собранието од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Движењето Беса.
„Демократијата се унапредува со дебати и компромиси. Ние сме држава што ги унапредувала овие вредности, не мислам дека блокадите и бојкотот ќе ни служат за да се движиме напред“, изјави Ахмети.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Од 5 мај 2022 година, од почетокот на руската инвазија на Украина, загиналo 221 дете, а повеќе од 408 деца се повредени. Поради активните воени дејствија во погодените региони, нема можност да се увидат областите на гранатирање и уништување. Во моментов се утврдуваат вистинските податоци за загинатите и повредените деца во овие региони.
Претставниците на руското Министерство за надворешни работи продолжуваат да злоупотребуваат застарена тема на „светски ционистички заговор“.
Портпаролката Марија Захарова објави нова лажна вест велејќи дека таканаречените „Војници на среќата“ од Израел се борат рамо до рамо со нацистичката формација „Азов“ во вооружениот конфликт во Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски започна глобална платформа за собирање средства со цел да и помогне на Украина да ја победи Русија и да ја обнови инфраструктурата на земјата.
Дали бродот „Адмирал Макаров“ ќе оди на дното, се уште не се знае. Народниот пратеник Алексеј Гончаренко изјави дека се точни информациите за погодената руска фрегата во Црното Море. Како и фактот дека тој брод е „Адмирал Макаров“. Ова политичарот го објави на својот канал Телеграм во петокот, 6 март.
Нов конвој на ОН се очекува денеска да ги евакуира последните цивили од фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, последното упориште на украинскиот отпор во стратешки важното пристаниште, без гаранција за прекин на борба.
Руската пропаганда за агресијата врз Украина е целосно поддржана од Руската православна црква. Нејзиниот поглавар, патријархот Кирил, исто така верно му служи на режимот на Кремљ. Тој на 16 март имаше средба со Папата Францис.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ЕКОНОМИЈА Во услови кога гледаме како во Европа сите политички субјекти се обединуваат околу наоѓање на начини за задржување на животниот стандард во државите и преку регионални соработки бараат начини да обезбедат доволно енергенси за претстојната зима, неодговорно е да се врши постојан притисок и блокади на Собранието, изјави премиерот Ковачевски.
ПРЕГОВОРИ Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевкса вели дека има придвижување и позитивни сигнали дека е можно наскоро да биде постигнато решение меѓу СОНК и Министерството за образование и наука со кое штрајкот, што сега е во мирување, би бил прекинат, а платите во образованието би биле зголемени.
СТАТИСТИКА Бројот на сиромашни граѓани кои живеат под прагот на сиромаштија во земјава во 2020 година изнесувал 451 900, покажуваат податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика.
#ThinkForward Делегацијата на Европската Унија, заедно со „Јуроп Хаус“, ќе го одбележат Денот на Европа 2022 година преку низа активности организирани под слоганот #ThinkForward. Со оглед на тоа што 2022 година е Европска година на младите, програмата вклучува голем број активности поврзани со младите, информираат од Делегацијата на Европската Унија во Скопје.
МУЛТИКУЛТУРА
Анкета: Има меѓуетнички соживот во Штип – „им даваме права“ на помалите заедници
Односите помеѓу мнозинското (македонско) и малцинското (ромско и турско) население во Штип се во задоволително ниво, односно нема некои поголеми поделби и дискриминација, особено кај младите, велат граѓаните на Штип, одговарајќи на прашањето на ЦИВИЛ – Какви се меѓуетничките односи во општината?
Дел од одговорите што ги доби екипата на ЦИВИЛ Медиа од мнозинското население е дека „им даваат права“ на помалите етнички, односно маргинализирани групи (Ромите), нарекувајќи ги и со политички некоректен израз.
Мулти култи бриф деветто издание
Денес се одржа деветтото издание на неделниот магазин „Мулти култи бриф“ во кое накратко се презентирани активностите на Цивил во Иницијативата „Чекор напред кон мултикултурно општество“.
ДИСТРИКТ
Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Џина Папас Џокси – еден живот, една музика, безброј трајни вредносни траги за тагата, за радоста, за љубовта… Но и за оваа наша оригинална и бескрајна скопска и македонска транзиција во која, низ сите лични и општи премрежија, буи веќе децениското музичко – поетско творештво на авторот.
Д. Тахири