• Latest

Со тајни договори ВМРО-ДПМНЕ потрошила 225 милиони евра од буџетот за „помош“ на странските инвеститори!

September 13, 2017
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Со тајни договори ВМРО-ДПМНЕ потрошила 225 милиони евра од буџетот за „помош“ на странските инвеститори!

September 13, 2017 13:20
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во 25 компании, коишто во Македонија биле отворени од странски инвеститори во период од десет години, со 20.000 вработени, државата од буџетот потрошила преку 225 милиони евра! Поточно, со пари од граѓаните, за еден работник се исплатени и по 11.000 евра од државната каса, стои во податоците од „Анализата на трошоци – наспроти резултатите од странските директни инвестиции во Македонија во периодот 2007 – мај 2017“, направена по одлуката на Владата на Зоран Заев, за декласификација на договорите потпишани од поранешната влада. Според портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, договорите со инвеститорите биле правени „во четири очи“ и без критериуми.

  „Агенцијата за странски инвестиции, ТИРЗ и министрите без ресор, потрошиле кеш-пари во неповратни грантови во износ од 26 милиони евра.  Околу 14 милиони евра добиле странските инвеститори за креирање работни места, некои добивале илјада евра по работно место, а некои по 11.000 евра! На име обуки, исплатени се 5 милиони евра, повторно без критериуми, некои добиле 100 евра по работник, а некои 3.000 евра. За градежни работи, странските инвеститори добиле 10 милиони евра!“, соопшти Бошњаковски, на прес-конференција, истакнувајќи дека инвеститорите добиле и 69 милиони евра како даночни олеснувања.

„Договорите биле склучени во затворен круг, немало документи или критериуми за преговарање, преговарале министри, советници, посредници без критериуми и сите податоци биле тајни. Тајните договори биле склучувани без критериуми, некои добивале повеќе, а некои помалку …“, изјави Бошњаковски.

Но, тој е дециден дека сите овие договори со странските инвеститори се во важност и дека ќе бидат целосно исполнети.

Наспроти овие фрапантни податоци, уште пред да почне пресот на Владата, во медиумите блиски на ВМРО-ДПМНЕ се вртеа изјави на партискиот лидер, кои што упатуваат жестоки критики адресирани до СДСМ, и премиерот Зоран Заев за наводно отворање војна на 100 странски компании и доведување во прашање на 20.000 вработувања.  Според Груевски, иако не е тајна, ниту незаконски што Македонија, дава субвенции на странски инвеститори по некаков основ, штетна е одлуката на Владата за декласифицирање и објавување на субвенциите. Овој потег, според Груевски, ќе влијае врз потенцијалните инвеститори и нивните намери да инвестираат во земјава.

„Со оваа нова одлука, Владата ја руши конкурентоста на државата во однос на другите соседни и регионални држави, кои што исто така, се натпреваруваат за инвестиции. Секоја земја прави напори и води преговори со инвеститорите во тој правец. Тоа го прават и Србија, Бугарија, Романија, Чешка, Унгарија, но и одредени држави во САД и други развиени земји, кога сакаат да привлечат голем работодавач. Компаниите кои доаѓаат, не посакуваат јавно објавување на нивните договори и приходи по основ на субвенции, а тоа не и одговара ни на државата. Прво, затоа што се откриваат позициите пред другите земји конкуренти, бидејќи најчесто за еден инвеститор во процесот на одлука се натпреваруваат најмалку 5-6 држави, а некогаш и повеќе, со различни понуди кои најчесто не се објавуваат“, вели Груевски во изјава за „Република“.

Tags: владаВМРО-ДПМНЕекономијаЗоран ЗаевманипулацииНикола Груевскинова владаСДСМстрански инвестициистрански компанииТИРЗфинансии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ