Првиот „Жан Моне Дијалог“ со Собранието кој се одржа во Охрид на 17 и 18 мај, и политичките партии уште еднаш го потврдија консензусот да работат заедно за земјата да напредува кон членството во ЕУ и да се интегрира во Евро – Атлантските структури.
Со цел да се забрза овој процес, политичките партии се заложија Собранието да ја има најефикасната улога преку употреба на сиот свој демократски легитимитет, надзорната и законодавната моќ и, преку започнување на серија реформи почнувајќи со итна посветеност кон усвојување на нов Етички кодекс и применување на итни измени на Деловникот.
За да биде Собранието поефикасно, транспарентно и ефективно при исполнувањето на очекувањето на граѓаните, беше усогласена посветеност кон поопсежна ревизија на Деловникот.
Пратениците од ЕП, Вајгл, Кукан и Флекенштајн, со мандат од претседателот на Европскиот Парламент, изјавија дека им е чест да работат со лидерите и политичките партии во Собранието преку „Дијалогот Жан Моне“, и дека политичкиот дијалог е суштината на секој демократски процес.
Претседателот Џафери најави формирање на Работна група во Собранието, составена од претставниците на главните политички партии, за да се поддржи имплементацијата на реформската агенда и следните чекори на процесот Жан Моне.
Дијалогот Жан Моне придонесува кон поддржување на Македонија во следните чекори на напредок на земјата кон членството во ЕУ.
А.П.