• Latest

Спасовски: МВР е решено да се справува со криминалот и корупцијата

April 23, 2018
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Спасовски: МВР е решено да се справува со криминалот и корупцијата

April 23, 2018 14:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мораме да бидеме максимално одговорни во однос на начинот на кој се трошат парите на граѓаните, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање во врска со Извештајот на Стејт департментот во кој, меѓу другото, се нотира постоење корупција во Македонија на различни нивоа.

„Ако ги земеме предвид бројките во однос на криминалитетот, а пред се во овој период имаме злоупотребување на службената положба и овластување за 111 проценти од она што било претходно. Тоа значи дека сме отвориле еден широк фронт на борба против корупцијата и тоа не се однесува само на поранешните структури кои биле дел од власта, а кои секако поради долгиот временски период на власт имале поголема можност да прават такви работи за кои не биле преземани мерки“, рече Спасовски.

Министерот напомена дека изминатите две недели неколку полициски службеници се санкционирани поради нелегални постапки и додаде дека ваквите чекори се доказ дека МВР е решено да се справува со криминалот и корупцијата.

Во однос на забелешките за реформите во безбедносниот сектор, Спасовски рече дека МВР детално ги анализира сите аспекти нотирани во документот на Стејт департментот и додаде дека за реформа на безбедносните структури веќе се преземени конкретни чекори, усогласени се закони кои се усвоени во Собранието и оти тие реформи треба да профункционираат до крајот на годината согласно рокот содржан во законите.

Додаде дека е зголемена контролата што се прави во рамки на самото МВР и оти тој е задоволен од тоа што досега е сторено.

„Тоа не може да биде реформа која денеска сме ја одлучиле, а од утре веднаш ќе почне да функционира“, рече Спасовски и додаде дека сериозно се земаат предвид забелешките и од Стејт департментот и од Извештајот на Европската комисија, но не само заради меѓународните фактори, туку и заради тоа што е потребно, како што рече, за самите нас да ја подигнеме работа на полицијата на едно повисоко ниво.


Извор: МИА

Tags: КорупцијакриминалМВРОливер Спасовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ