• Latest

Спасовски: Најдобар одговор на лажните вести е брзо и навремено пласирање на вистината

July 25, 2023

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Спасовски: Најдобар одговор на лажните вести е брзо и навремено пласирање на вистината

July 25, 2023 15:10
in ВЕСТИ, ДИСКУРС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за порталот „Журнал“ на прашањето колку граѓаните се запознаени со лажните вести и кои се последиците од нив, истакна дека лажните се вести се еден од посериозните предизвици на новото време.
„Една од клучните битки е справувањето со лажните вести. Владата направи акциски план за справување со дезинформациите и нападите врз демократијата на системско ниво со цел да се зајакне националната безбедност и сигурноста на граѓаните. Секако дека за ова разговаравме многу со медиумите, со невладниот сектор. Многу е важно да се подигне јавната свест во однос на заканите од лажните вести и секако дека ние како институција, се трудиме максимално да се спротивставиме. Најдобриот одговор на лажните вести е да ја пласирате вистината и информациите навремено.“, потенцираше министерот Спасовски.

Спасовски образложи дека за граѓаните да се чувствуваат безбедно од лажните вести институциите мора да работат на достигнување целосна транспарентност и отчетност.
„Нашата транспарентност од година во година расте и ако 2016 година сме имале 59.5% просечна транспарентност, на крајот од 2022 таа изнесуваше 91.7%. Нашите партнерства и со Европската Унија и како земја член на НАТО имаме и задача одлучно да се справуваме со лажните вести и дезинформациите коишто предизвикуваат сериозни нарушувања на општествените текови генерално.“, ја потенцираше важноста на транспарентноста Спасовски. Во насока што Министерството за внатрешни работи прави за заштита од хибридните и сајбер заканите, Спасовски образложи дека министерството има исклучително организирана  меѓусекторска соработка на размена на податоци и преку секторите за борба со организиран и компјутерски криминал успешно се справуваме со тие закани.

„Морам да кажам дека протоколот за процена на сериозноста на хибридните закани што беше донесен во изминатиот период даде многу голем резултат во справувањето пред се со хибридните закани, со електронските дојави со сето она што може да го наруши безбедносниот систем. Секако дека  многу е важна критичната инфраструктура во државата и за тоа треба да бидеме  свесни и подготвени и институциите и  граѓаните. Во овој дел нашиот сектор за компјутерски криминал е носител  во оваа борба со ваквите електронски напади презема низа на мерки и активности, се со цел да влијаеме и превентивно и репресивно. Ако погледнеме низ призмата на статистиката во овие изминати пет месеци во делот на компјутерскиот криминал имаме намалување на вкупниот криминалитет некаде за 7.4%, регистрирани се 112 кривични дела за коишто кривично се пријавени 65 сторители, причинетата материјална штета во овие кривични  изнесува околу 31.9 милиони денари, и е зголемена за околу 6.4% пати во однос на лани кога таа изнесувала нешто повеќе од 5 милиони денари. Тоа покажува дека активноста преземањето на мерките ја зголемува и ефикасноста која што е некаде од 47.3%, расветлени се 53 кривични дела и ова се тие активности кои што перманентно ги преземаме како Министерство, секако дека намалувањето на овој компјутерски криминал е резултат и на намалувањето на кривичните дела од платежните картички кои што беа многу во еден подем во изминатиот период или учествуваа со 43% од вкупниот криминалитет што го имаме.

МВР во наредниот период ќе биде носител на активности за изготвување на Националната стратегија за компјутерски криминал а од страна на работна група координирана од МИОА согласно со европските стратешки насоки и добрите практики веќе знаеме дека е изработена Националната стратегија за сајбер безбедност 2023-2027 која што има и Акциски план.

За граѓаните е  најважно да бидат свесни за сериозноста од компјутерските закани и  соработката со институциите се со цел да можеме брзо и ефикасно да се справиме со овие закани-рече Спасовски.

 
Tags: изјавалажни вестиОливер Спасовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ