Српската прмеиерка Ана Брнабиќ потврди дека Србија ќе воведе контрамерки за Хрватска поради тоа што таа држава забранила влез за министерот за одбрана Александар Вулин.
На новинарско прашање на новинари какви контрамерки ќе воведе Србија за Хрватска, Брнабиќ кусо одговори: Ќе видите утре.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави вчера дека „на забраната за влез на министерот Вулин во Јасеновац, Србија ќе одговори со контрамерки“. Тој додаде дека Владата в четврток ќе разгледува какви мерки ќе преземе.
Извор: МИА