• Latest

Србија наспроти Северна Македонија: Балканските избори меѓу криза и илузија на демократија

March 30, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Србија наспроти Северна Македонија: Балканските избори меѓу криза и илузија на демократија

March 30, 2026 12:52
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Секири, палки и обвинувања за изборен инженеринг од една страна – „мирни“, но суштински компромитирани избори од друга. Последните локални избори во Србија и Северна Македонија покажуваат дека демократијата во регионот е на стаклени нозе, а политичката криза е присутна на двете страни – само во различни форми.

Насилство, нерегуларности и висока излезност на локалните избори во Србија

Локалните избори одржани на 29 март 2026 година во Србија, иако опфатија релативно мал дел од гласачкото тело, се претворија во сериозен тест за демократските процеси и политичката стабилност на земјата. Гласањето во десет општини беше проследено со висока излезност, но и со бројни инциденти, обвинувања за нерегуларности и политички тензии.

Висока мобилизација и силна политичка поларизација

Изборите се одржаа во општините Бор, Бајина Башта, Кула, Лучани, Аранѓеловац, Кладово, Књажевац, Мајданпек, Севојно и Смедеревска Паланка, опфаќајќи околу 250.000 гласачи. И покрај локалниот карактер, излезноста беше исклучително висока – во Лучани достигна речиси 78%, а во Севојно над 76%.

Оваа бројка укажува на силна мобилизација и кај власта и кај опозицијата, особено новото студентско движење кое се позиционира како значаен политички фактор по протестите предизвикани од трагедијата во Нови Сад.

Сериозни инциденти и насилство

Изборниот ден беше одбележан со повеќе насилни инциденти. Во неколку општини беа пријавени напади врз новинари, активисти и граѓани:

  • Во Бор, новинарска екипа беше нападната со секира, при што им беше уништена опремата
  • Во Кула, маскирани групи со палки и факели нападнаа граѓани
  • Во Бајина Башта, новинар беше нападнат со бибер-спреј
  • Во Аранѓеловац беше забележано присуство на контроверзни групи што дополнително ја зголеми тензијата

Набљудувачите предупредија дека овие инциденти укажуваат на организирано заплашување и сериозен безбедносен ризик.

Организациите за набљудување на изборите регистрираа бројни нерегуларности, меѓу кои „бугарски воз“ (организирано гласање), фотографирање на гласачки ливчиња, паралелни избирачки списоци, купување гласови, како и организиран транспорт на гласачи.

Реакции од институциите и политичките актери

Реакциите на институциите дополнително ја продлабочија поларизацијата. Полицијата во повеќе случаи беше обвинета за пасивност.

Претседателот Александар Вучиќ прогласи убедлива победа на владејачката партија, нагласувајќи резултат „10-0“ во сите општини. Од друга страна, претседателката на парламентот Ана Брнабиќ предизвика реакции со изјави дека дел од учесниците во инцидентите се „бранители на демократијата“.

Опозицијата, вклучително и Мирослав Алексиќ, обвини за притисоци и злоупотреба на институциите, особено по полицискиот упад во партиски простории во Белград.

Иако владејачката Српска напредна партија (СНС) победи во сите десет општини, резултатите покажаа и дека неколку општини е забележан пад на поддршката за власта, а во една општина резултатот бил тесен, а студентските и граѓанските листи постигнаа значајни резултатиОвие податоци укажуваат дека, и покрај формалната победа, власта се соочува со растечки отпор, особено во урбаните средини.

Што следува?

Локалните избори отворија сериозни прашања за состојбата на демократијата во Србија. Зголеменото учество на младите, засилените протести и меѓународните реакции укажуваат на можност за продлабочување на политичката криза.

Најавените протести од студентските движења во повеќе градови сигнализираат дека тензиите нема да се намалат, туку дека може да прераснат во поширок бран на незадоволство на национално ниво.

Иако локалните избори во Србија во 2026 година беа обележани со насилство, нерегуларности и сериозни обвинувања за изборен инженеринг, ситуацијата на локалните избори во Северна Македонија во 2025 година покажа поинаква, но далеку од идеална, слика.

Северна Македонија – „мирен“ процес со формален интегритет

За разлика од Србија, локалните избори во Северна Македонија во 2025 година поминаа во значително помирна атмосфера, без сериозно насилство и организирани напади на изборниот ден.

Според набљудувачите и аналитичкиот тим на ЦИВИЛ, локалните избори во 2025 година беа „формално коректни, но без суштински интегритет“.

Но клучните слабости останаа: системски притисоци врз гласачи , партизација на институциите, клиентелизам и злоупотреба на ресурси, медиумска нерамнотежа, но и дискриминација и засилени етнички и национални наративи.

Ова значи дека, иако немаше насилство како во Србија, демократскиот квалитет беше нарушен на порафинирано, институционално ниво.

За разлика од доминацијата на една партија во Србија, во Северна Македонија постои поизразен плурализам. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ водеа неизвесни трки во повеќе општини, иако крајниот резлутат беше погубен за опозицијата – ВМРО-ДПМНЕ доминираше со 54 градоначалници, а СДСМ заврши со 6 градоначалнички места.

Улогата на младите и граѓанскиот сектор

Во Србија, младите се појавуваат како реакција на криза и насилство. Во Северна Македонија, тие функционираат повеќе како коректив – но без капацитет да предизвикаат суштинска политичка трансформација. Младите или прибегнуваат кон аполитичност или кон трета опција која не е врзана со доминантните партии и во македонскиот и во албанскиот блок. Што се однесува до граѓанското општество, ЦИВИЛ остана една од ретките организации што се залага за фер, демократски и слободни избори и потребата од изборни реформи како круцијален сегмент што ќе ја врати суштината на изборните процеси – клучна алатка на демократијата.

Србија наспроти Северна Македонија: Балканските избори меѓу криза и илузија на демократија

Во Србија отворено насилство и изборен инженеринг, во Северна Македонија формално демократски процес со системски слабости или со други зборови, Србија се соочува со видлива ерозија на демократијата, додека Северна Македонија се соочува со „тивка“ ерозија на декларативната демократија – каде формата постои, но суштината е нарушена.

Иако власта во Србија прогласи убедлива победа, отсуството на истовремени парламентарни избори укажува дека внимателно ги калкулира политичките ризици, особено во поголемите урбани центри. Понатамошниот политички развој ќе зависи од тоа дали опозицијата ќе успее локалните резултати да ги претвори во пошироко, координирано делување на национално ниво против постојниот модел на владеење, кој бара ослободување од стегите на Александар Вучиќ.

Во Северна Македонија, иако власта, исто така, ја има и централната и локална моќ, сепак зависи од коалицијата и нивните политички интереси одржувајќи го привидот на „соживот“, додека се продолжува со истата изборна реторика и националистички и етнички наративи придружени со нормализиција на говорот на омраза.

Биљана Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ