• Latest
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Национализам како замена за владеење – Етничка мобилизација и ерозија на локалната демократија (9)

January 20, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026

ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

May 13, 2026

За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

May 13, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Ненаучени лекции: Национализам како замена за владеење – Етничка мобилизација и ерозија на локалната демократија (9)

Овој прилог претставува девети дел од серија од дваесет продолженија на публикацијата „Демократски навигатор — Мониторинг и анализа: Локални избори 2025 во Северна Македонија: Лекции што не беа научени“, на македонски јазик, што обезбедува детална анализа на изборниот процес, ја идентификува повторливата институционална и процедурна слабост и го истакнува влијанието на политичките практики врз довербата и легитимитетот на локалната демократија.

January 20, 2026 12:00
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Илустрација ВИ

Илустрација ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Клучни наоди

  • Националистичките и етничките наративи доминираа на локалните избори во 2025 година, систематски потиснувајќи ги суштинските локални прашања и политики од изборната дебата.
  • Изборните кампањи беа претворени од натпревар на програми и управувачки капацитети во арени на идентитетска политика, страв и поларизација, особено долж македонско-албанската поделба.
  • Политичките актери свесно ја користеа етничката мобилизација како стратегија за консолидирање на гласачките бази и одвлекување на вниманието од корупција, лошо управување и институционални неуспеси.
  • Историски митови, етнички симболи и наративи на загрозеност беа инструментализирани за емоционална манипулација, со поддршка и засилување преку партиски и поврзани медиуми и онлајн платформи.
  • Забележано е значително зголемување и нормализација на говорот на омраза, вклучително и отворена етничка омраза, дехуманизирачки јазик и геноцидна реторика во јавниот простор и на социјалните мрежи.
  • Посебно загрижувачки се случаите на екстремен говор на омраза и дехуманизација насочени кон ромските заедници и политички кандидати од овие заедници, без соодветна институционална заштита.
  • Во локалниот изборен контекст беше инјектирана и антибугарска реторика, користена како форма на екстернализиран национализам без никаква врска со општинското управување.

Националистичките наративи и етничката мобилизација повторно доминираа на локалните избори во 2025 година, систематски потиснувајќи ги автентичните локални прашања од центарот на политичката конкуренција. Наместо да служат како форуми за дебата за јавните услуги, урбаниот развој, заштитата на животната средина, општинската отчетност или локалните економски приоритети, изборните кампањи беа претворени во арени на идентитетска политика, застрашување и поларизација.

Националните и етничките теми – особено долж македонско-албанската поделба – беа намерно и стратешки злоупотребени за мобилизација на гласачите преку емоционален апел, наместо преку суштински политики. Политичките актери ги обликуваа изборните опции не како прашања на програми или компетентност, туку како прашања на колективно преживување, етничка лојалност или егзистенцијална закана. На тој начин, сложените општествени и управувачки предизвици беа сведени на поедноставени, идентитетски бинарности.

Наместо натпревар на идеи и визии за локален развој, граѓаните беа изложени на симболична и емоционална манипулација, при што историски митови, етнички симболи и наративи на неправда беа инструментализирани за политичка корист. Овие наративи беа засилени преку поврзани медиуми и онлајн платформи, создавајќи атмосфера во која рационалната дебата беше потисната од страв, огорченост и меѓусебно сомневање.

Покрај кодираните пораки, во текот на кампањата беше забележано видливо враќање на отворена етничка омраза во јавниот простор и на социјалните мрежи. ЦИВИЛ документираше случаи на експлицитен говор на омраза, дехуманизирачки јазик и глорификација на насилството насочени кон цели заедници, како и нормализација на геноцидни слогани и песни извикувани од организирани хулигански групи на спортски настани. Особено загрижувачки беа инцидентите во кои ваквите скандирања се случуваа во присуство на високи државни функционери – вклучително и премиерот, заменик-премиерот, министерот за внатрешни работи и лидер на коалициски партнер во власта – без никаква јавна осуда или институционална реакција. Молкот во вакви контексти не функционира како неутралност, туку како премолчено прифаќање.

Во многу општини, националистичката мобилизација функционираше како примарна кампањска стратегија, намерно создавајќи вештачки тензии за консолидирање на изборните бази и одвлекување на вниманието од управувачките неуспеси и одговорноста.

Политичките елити и поврзаните медиуми користеа етничка реторика како алатка за политичка контрола, често одекнувајќи или засилувајќи наративи промовирани од регионални пропагандни центри кои нагласуваат поими на „загрозен идентитет“, „национално предавство“ или конкуренција со нулта добивка меѓу заедниците. Особено алармантно е што овие наративи повеќе не се маргинални или периферни. Тие се институционализирани, вградени во политичкиот дискурс и нормализирани во медиумскиот пејзаж.

Оваа нормализација создаде услови етничкото непријателство пошироко да циркулира низ изборниот пејзаж.

Иако националистичката мобилизација највидливо се артикулираше долж македонско-албанската поделба, мониторингот на ЦИВИЛ укажува дека етничката омраза и исклучувачката реторика циркулираа во повеќе насоки низ изборниот контекст. Иако не симетрични по обем или политичка централност, ваквите изрази кумулативно придонесоа за средина на нетолеранција и нормализирано непријателство.

Особено загрижувачки беа случаите на екстремен говор на омраза насочен кон ромските заедници, вклучително и кон кандидат за градоначалник. Овие напади ја надминаа рамката на политичка конкуренција и навлегоа во сферата на дехуманизација и социјално исклучување, зацврстувајќи долготрајни обрасци на маргинализација. Отсуството на институционална реакција на ваквите инциденти сигнализира поширок неуспех во заштитата на ранливите групи и во почитувањето на принципот на еднакво политичко учество.

ЦИВИЛ, исто така, забележа употреба на кодирани етнички пораки, отворен говор на омраза на социјалните мрежи и екстремистички скандирања на јавни и спортски настани, од кои некои содржеа геноцидна или елиминационистичка реторика. Таквите изрази не беа изолирани акти на индивидуално недолично однесување, туку дел од дозволива средина во која говорот на омраза беше толериран, релативизиран или игнориран – вклучително и во присуство на високи јавни функционери – со што се зацврстува перцепцијата дека етничкатото непријателство нема политички или правни последици.

Локалните избори во 2025 година го видоа и намерното вбризгување на антибугарска реторика и непријателство кон бугарските граѓани и идентитет во локалните кампањски наративи – често артикулирани од позиција на централна власт. Оваа форма на надворешно насочен национализам, кон земја членка на ЕУ и нејзините граѓани, беше инструментализиран за проекција на сила, одвлекување на критиката и зајакнување на опсаден менталитет, иако нема никаква релевантност за општинското управување. Употребата на вакви наративи во локален изборен контекст претставува длабока дисторзија на демократската дебата и опасна ескалација на идентитетската политика.

Етничката мобилизација функционира и како механизам на избегнување. Со рамкирање на изборите околу идентитетот, партиските елити го одвлекуваат вниманието од перзистентните управувачки неуспеси – вклучително корупцијата, клиентелизмот, институционалната нефункционалност, социјалната нееднаквост и ерозијата на јавниот интерес. Националистичката реторика така служи како замена за отчетност, овозможувајќи им на политичките актери да владеат преку поделби наместо преку резултати.

Иако оваа појава не е нова, изборите во 2025 година покажаа повисоко ниво на организација, координација и цинизам во нејзината употреба. Наместо градење доверба меѓу заедниците, политичките актери изградија ѕидови на страв, претворајќи ги локалните избори во референдуми за етничка доминација, наместо во можности за демократско локално самоуправување.

Овој модел на „национализирани“ локални избори носи длабоки последици. Тој ја испразнува локалната демократија од содржина, го замрзнува политичкиот плурализам и ја зацврстува зависноста на граѓаните од партиските структури кои распределуваат ресурси и можности по етнички линии. Логиката на етничко пазарење се прелева во сите области на јавниот живот – од вработувањето и јавните набавки, до образованието и културната политика – зајакнувајќи обрасци на исклучување и управување засновано на лојалност.

Во таква средина, демократијата се сведува на етничка аритметика, а општеството станува заложник на сопствените несигурности. Локалните избори, кои треба да им овозможат на граѓаните да ги обликуваат своите непосредни заедници, наместо тоа стануваат симболични боишта за национални агенди отуѓени од реалностите на секојдневниот живот. Резултатот не е демократски избор, туку управувана поларизација – состојба што ги слабее институциите, ја разјадува довербата и го остава локалното управување сè поиспразнето.

Овој текст е дел од публикацијата: Демократски навигатор — Мониторинг и анализа: Локални избори 2025 во Северна Македонија: Лекции што не беа научени

ЛИНК до публикацијата
Публикацијата е дел од проектот „Демократски навигатор 2025 – Стратешки одговор на дезинформациите и хибридните закани“, сеопфатна иницијатива за граѓански мониторинг и рано предупредување имплементирана од ЦИВИЛ – Центар за слобода. Проектот е поддржан од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Прочитајте повеќе:

Ненаучени лекции: Општа оценка на изборниот процес 2025 – формален процес без суштински интегритет (1)

Ненаучени лекции: Избирачки список – хроничен извор на недоверба (2)

Ненаучени лекции: Повеќе од технички недостатоци – Широко распространета култура на некомпетентност (3)

Ненаучени лекции: Притисок, клиентелизам и партиска зависност на гласачите (4)

Ненаучени лекции: Непристапоноста како дискриминација – системско исклучување од изборниот процес (5)

Ненаучени лекции: Странско влијание кое го менува начинот на кој функционира политиката – информативна манипулација и инструментализација на изборните ранливости (6)

Ненаучени лекции: Локални избори 2025 – Масовно и намерно кршење на изборниот молк (7)

Ненаучени лекции: Локални избори 2025 – Попречување на набљудувачите и медиумите (8)

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ