• Latest

Српската опозиција поднесе барање до Парламентот за присуство на ОБСЕ на изборите

November 16, 2017

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Српската опозиција поднесе барање до Парламентот за присуство на ОБСЕ на изборите

November 16, 2017 10:55
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Опозициските партии во Србија денеска до претседателката на Парламентот, Маја Гојковиќ поднесоа барање да се покани набљудувачка мисија на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) на изборите за градот Белград и на евентуалните вонредни парламентарни избори, јавува МИА.

Барањето го потпишаа Движењето на слободни граѓани на Саша Јанковиќ, од Народната странка на Вук Јеремиќ, Демократската странка на Драган Шутановац, Социјалдемократската странка на Борислав Тадиќ, Новата странка на Зоран Живковиќ, Доста беше на Саша Радуловиќ, Левица на Борислав Стефановиќ,  Бели, Само силно и други помали партии.

Во барањето, кое е прво од ваков тип, каде опозицијата здружено и со најголем број партии и движења настапува, од властите се бара да овозможи доѓање на полна мисија на ОБСЕ уште на првиот ден од распишување на изборите, со цел продолжување на заедничката опозициска борба за фер избори, се наведува во соопштенијата на овие партии.

Исто така се посочува дека ако властите ја отфрлат таквата иницијатива на опозициските движења и партиите „ќе имаме јасни докази дека има неконзистентни намери“.

Но, доколку, како што се надеваме, ОБСЕ биде повикано, тоа ќе биде многу важен механизам за контрола на изборниот процес во наредните месеци, но и продолжување на заедничката борба на сите оние кои сакаат слободни и фер избори.

Лидерот на опозиционерската десничарска партија Двери, Бошко Обрадовиќ изјави дека не разбира зошто ОБСЕ е тема на опозицијата, кога таа организација на денот на претседателските избори констатирала дека тие се регуларни, со проблеми во избирачкиот список и на полето на слободата на медиумите.

Обрадовиќ на прес-конференцијата во Парламентот изјави дека вистинска тема на опозицијата е заедно да ја присили Владата да ги среди избирачките списоци и да ги ослободи медиумите.

За ова прашање Двери добија подршка само од Демократската странка на Србија, Здрава Србија и други помали партии, и се уште чека одговор од останатите опозициски партии.

[divide]

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: избориОБСЕопозицијаСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ