• Latest
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Сталин и седумте џуџиња… И вести на МРТ. Ракија и салата од зелка.

November 21, 2022

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Сталин и седумте џуџиња… И вести на МРТ. Ракија и салата од зелка.

November 21, 2022 07:52
in ES-PRESS-O, ВОЈНА ВО УКРАИНА, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Ги гледам „кутрите“ проруски пропагандисти и путинисти како се прпелкаат во истите пропагандни шеми со месеци. Руската пропагандна машинерија доживеа речиси подеднакво срамни порази како и воената на самите линии на фронтот долг илјада милји во Украина. Дефинитивно им е потребна нова скрипта.

Но локалните агитпроп матрјошки не можат да очекуваат нова скрипта, кога ни Путин и Лавров не се откажуваат од својата „стара добра“ сталинистичка пропагандна шема, само во нова технолошко-комуникациска руба. Впрочем, тешко дека им преостанува нешто друго, освен секојдневно да ги повторуваат големите лаги.

Иако одржува комплексна и скапа пропагандна машинерија, пораката што доаѓа од Кремљ е, релативно, едноставна. Упорно порекнување и валкани лаги со единствена цел – да се прикријат или барем да се искриват фактите и вистината, како за ужасните злосторства, така и за големите порази.

Локалната проруска агитпроп солдатеска е широко распространета низ македонските медиуми. Ќе ја најдете „и кај едните и кај другите“, па и во јавниот сервис МРТ (сопственост на сите македонски граѓанки и граѓани, претставени во парламентот). Само еден од многуте (секојдневни) примери за тоа како јавниот сервис игра во тактот на путинистичкиот хорово́д, се вестите во Дневник 2, на 18 ноември (19:30 часот).

Лавров е главен протагонист. На ТВ екраните оди ликот на Лавров и кајрон во кој се цитира неговата изјава дека голем број држави не ги поддржуваат санкциите против Русија. Тој тоа го изјави во контекст на „хибридната војна“ што божем се водела против неговата земја (Матрјошки, слободно кликнете на линкот, на руското МНР е). Да не беа трагични околностите во кои се наоѓа светот, токму поради ѕверската инвазија на државата што ја претставува Лавров, ова ќе беше хумореска.

Пораката што треба да ја добијат гледачите од овој прилог е толку очигледна манипулација што навистина не заслужува посебно да се анализира и објаснува. Доволно е да се спомене дека една недела по почетокот на руската инвазија против Украина, 141 држави ја изгласаа резолуцијата на Генералното собрание на ОН на 2 март. Против беа пет држави (Русија, Белорусија, Северна Кореја, Еритреја и Сирија), воздржани беа 35.

Што се однесува до санкциите, голем е бројот на државите што воведоа санкции против Русија по агресијата врз Украина уште во 2014 година. САД, ЕУ, Велика Британија, Швајцарија, Канада, Австралија, Јапонија и многу други, меѓу кои и повеќето држави на Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, се дел од светскиот демократски „фронт“ кои со санкции, но и со директна хуманитарна и воена помош го искажуваат својот став против бруталната воена агресија на Русија.

Да се вратиме на споменатите вести на МРТ. Веднаш по Лавров, МРТ „долета“ во Вашингтон за да ѝ открие на својата публика дека Републиканците ќе му стават „крај на бесконечното финансирање на Украина“. Уште една манипулација.

Факт е дека Републиканците освоија тенко мнозинство во Претставничкиот дом во Конгресот, додека Демократите добија тенко мнозинство во Сенатот. Точно е и тоа дека Републиканците најавија построга контрола на висината на средствата што се одвојуваат за воена и финансиска помош на Украина. Исто колку што е точно дека и самата Републиканска партија е поделена по ова прашање и дека досегашните пакети за помош на Украина во вкупна вредност од 54,43 милијарди долари, ги изгласаа двете партии.

Дел од републиканските претставници во највисоките институции на власта во САД континуирано бара поголема контрола и намалување на помошта. Тоа секако е дел од демократската контрола на власта. Во меѓувреме, Белата куќа побара од Конгресот нов пакет од 37,7 милијарди долари помош за Украина. Како и досега, се очекува остра расправа и по ова прашање. Но МРТ не ги гледа овие работи, туку прогласи крај за американската помош за Украина.

Веднаш по овие вести за Лавров и Републиканците, од кои гледачите би требало да извлечат заклучок дека, ете, Украина конечно ќе ја изгуби војната и сите сложно ќе здивнат под сенката на големата Матушка Россия, следеше и веста од Пјонгјанг. Северна Кореја лансира интерконтинентална балистичка ракета со висок дострел. Си-Ен-Ен цитираше севернокорејски, јапонски и американски извори кои ја потврдија веста дека ракетата има капацитет да погоди цели во САД, односно било каде во светот. Исто како и ракетите лансирани во 2017 година и на 24 март оваа година. Но важно е дека САД може да бидат погодени од севернокорејските ракети!

Значи, браво МРТ, заслужи орден од редот Сталин и седумте џуџиња, особено поради изборот, обработката и редоследот на вестите. Путин и Русија не се сами! Тука е и Северна Кореја, на чие чело е Ким Јонг Ун, најлудиот од династијата на диктатори на таа земја. Американци, Европејци и слични на нив, држете се, огнената казна ќе ве стаса кога-тогаш!

Прекрасни вести за пензионерската вечерна трпеза. Се препорачува консумирање на овие вести заедно со домашна жолта или бела лозова ракија и ситно сецкана зелка. А потоа, пред спиење, време и за песна… „Америка и Енглеска, биќе земља пролетерскааа.“ Но да не се заборават ни „Едно име имаме“ и „Нека разберат клетите…“, разбира се. Може оној Дерала да пишува колку сака дека судбината на Украина е и судбина на светот, ние си живееме во друг, паралелен свет, поубав свет, руски! (линкот не се препорачува за Матрјошките).

Ајде, да привршиме со ова утринско еспресо, имајќи предвид дека случајот со петочните вести на МРТ е само пример, еден од многубројните. Што би рекол мојот колега Дехран, РТ и Спутник беа санкционирани, ама (по сѐ изгледа) нема кој да им застане на патот на домашните „спутниковци“ (и овој линк не е за Матрјошките).

Зошто МРТ е важен, иако веројатно има помалку гледачи отколку што Јанко Бачев има членови на неговата минијатурна партија? Затоа што има 15 милиони евра буџет во 2022 година – пари на сите македонски граѓанки и граѓани. Повеќе од една деценија е легло на партиска, националистичка и антизападна пропаганда. Со Програмски совет, компониран на салфетките на Груевски, чиј мандат е истечен. И со партиски директор (ре)избран од телото (советот) без мандат. А најважно од сѐ: Затоа што е јавен сервис!


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЛавровманипулацииМатрјошкаМатушка РоссияМРТпропагандаРусијаСАДСеверна КорејаУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ