• Latest
илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

Што треба да се знае во пресрет на вториот круг?

October 27, 2017

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Што треба да се знае во пресрет на вториот круг?

October 27, 2017 13:51
in ПОЛИТИКА
илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

Share on FacebookShare on Twitter

Предизборно насилство, црна кампања, злоупотреба на администрацијата и јавните ресурси, злоупотреба на децата во кампања, говор на омраза, национализам и верска омраза ја одбележаа изборната кампања во пресрет на првиот круг на гласање за локалните избори.

Кампањата за вториот круг, освен што не започна веднаш по првиот круг, барем не со очекуваниот интензитет, бидејќи политичките партии чекаа резултати од приговорите што ги поднесоа до ДИК, скоро во ништо не се разликуваше.

Кампањата мора да заврши денеска до полноќ, по што почнува изборниот молк кој трае до затворањето на гласачките места во 19 часот, недела.

Во недела, на 29 октомври, право на глас имаат 833.716 гласачи во 35 општини.

Во Боговиње, Брвеница, Бутел, Виница, Врапчиште, Гази Баба, Гостивар, Градско, Дебар, Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Долнени, Желино, Зрновци, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Липково, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Новаци, Сарај, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Чаир, Чашка, Чешиново – Облешево, Штип и Шуто Оризари ќе се гласа за кандидати за градоначалници.

Кандидатите за градоначалници на Беса и ДУИ ќе се судрат во борбата за гласови во Тетово, Желино, Теарце и Липково.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ својата борба за општина плус ќе ја водат во Штип, Чешиново-Облешево, Старо Нагоричане, Росоман, Пробиштип, Новаци, Кисела Вода, Македонски Брод, Македонска Каменица, Карбинци, Кавадарци, Јегуновце, Зрновци, Демир Капија, Гратско, Гази Баба, Виница и Бутел.

Во вториот круг победник е секој што ќе освои барем еден глас повеќе од својот противник.

СДСМ се бори за 22 општини, од кои во водство од првиот круг е во 14. ВМРО-ДПМНЕ се бори за 19 општини, од кои водство има само во шест од нив. ДУИ се бори за 12 општини, води во 11. БЕСА се бори за седум општини, но нема водство во ниедна. Алијансата за Албанците се бори за пет општини, води во една. ДПА се бори за една општина каде што во првиот круг нивниот кандидат за градоначалник беше во предност, а независни кандидати се борат за две општини.

Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, Државната изборна комисија ја известува Владата на Република Македонија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите. Владата ќе именува повереник за вршење на работите од надлежност на градоначалникот во рок од 15 дена, а потоа го известува претседателот на Собранието, да распише нови избори за градоначалник за таа општина.

Што се однесува до гласачите, болните и немоќни лица најдоцна до 21 октомври можеа да ја известат Општинската изборна комисија за гласање во домашни услови. Лицата на издржување мерка куќен притвор, а кои сакаат да гласаат, преку овластен полномошник имаа можност да ја известат ОИК најдоцна три дена пред денот определен за гласање, односно до 25 октомври.

Болните и немоќни лица, гласачите што на денот на гласањето се наоѓаат на издржување на казна затвор или се во притвор, гласачите што на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и лицата со статус внатрешно раселени лица гласаат од 07:00 до 19:00 часот, в сабота, на 28 октомври.

На 29 октомври, со почеток во 7 часот наутро, гласаат сите останати граѓанки и граѓани во општините каде има прегласување. Во 19 часот, гласачките места се затвораат, а на гласачите затечени во објектот каде што се гласа им се овозможува да гласаат.

Избирачките места кои нема да се отворат на време, односно во нив има прекини на гласањето, избирачките одбори се должни да го продолжат времето на гласање за онолку време колку што траел прекинот, односно доцнењето. Прекинот на гласањето може да трае најмногу три часа. Доколку трае подолго, на тоа избирачко место треба да се повтори гласањето, седум дена подоцна.

Записниците и другиот изборен материјал, Избирачките одбори ги доставуваат до ОИК во рок од 5 часа по завршувањето на гласањето.

ДИК ги објавува првичните резултати од изборите добиени по електронски пат сукцесивно, а во рок од 12 часа по завршувањето на изборите ги објавува резултатите добиени врз основа на податоците од записниците добиени од ОИК.

Со почеток на изборниот молк, пораките до сите засегнати страни, како и до медиумите е да се воздржат од сите активности со цел да не се влијае на слободната волја на гласачите.

Биљана Јордановска

Tags: ДИКедукацијаизбирачки одбориизборен молклокални избориОИКполитички партии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ