В.д. директорот на Управата за извршување на санкции, Јовица Стојановиќ во интервјуот за ЦИВИЛ Медиа изјави дека во неговото 30 годишно работно искуство прв пат се случува Владата да даде голема финансиска поддршка за довршување на значаен проект како што е изградба и реконструкција на КПД „Идризово“.
View this post on Instagram
„Во КПД „Идризово“ се предвидени посебни објекти за високо ризични осудени лица, дом, болница, предвидена е централна кујна, пекара, перална и централен притвор. Со централниот притвор, својта функција ќе си ја добие и судницата која што е изградена. Морам да истакнам дека Владата излезе во пресрет обезбедувајќи за довршување на овој проект, односно 23 милиони и 380 илјади евра, што во мојата 30 годишна кариера го немам доживеано. Тие две работи се навистина огромна поддршка и заложба на Владата за надминување на проблемите во затворскиот систем“, изјави Стојановиќ.
Б. Јордановска