„Водени од максимата ‘Не прашувај што државата направила за тебе, туку што ти си направил за државата’, го оформивме граѓанско движење „Стоп Операција Сорос’, коe ќе се бори за ‘десоросоизација’ на државата“, изјавија иницијаторите на новоформираното движење
„Повикани од демократските вредности, плурализмот, правото на слобода на говор и изразување, еднаквоста, правдољубието и љубовта кон нашата држава Република Македонија, тежнееме да бидеме првиот зрак од кој ќе произлезат вистинските вредности во граѓанското општество“, велат од Иницијативниот одбор на граѓанското движење „Стоп Операција Сорос“.
Никола Србов, еден од основачите на движењето, во колумната која е објавена на порталот „Република“ пишува дека Фондацијата „Отворено општество“, финансиски и со кадар, стоела директно зад сите насилни процеси во Македонија.
„Во граѓанскиот сектор беше прегазен плурализмот и завладеа тоталитарно едноумие. Фондацијата на Сорос која во себе носи радикална левичарска и тоталитаристичка идеологија, сака да брише идентитети, држави, народи и нации, посакува ‘отворено општество’, со кое ќе управува некој однадвор, делува кон неконтролирано пропуштање на мигрантскиот бран од Блискиот Исток, кој не очекува наредниот период. Со тоа, сериозно ја загрозува безбедноста на нашата држава, преку своето делување“, истакна Србов.
Иницијатори на движењето „Стоп Операција Сорос“, покрај историчарот Србов, се уредникот на „Република“, Ненад Мирчевски и новинарот Цветин Чилиманов.