Министерството за надворешни работи соопшти дека суспендирало четворица вработени што биле во Собранието на Република Македонија при насилниот упад на 27 април.
Министерството за внатрешни работи доставило известување до Основното јавно обвинителство.
Во соопштението на МНР се вели дека неовластеното влегување и присуство во Собранието се коси со Етичкиот кодекс на вработените во министерството и дека го нарушиле угледот на професијатата дпипломат и на самото министерство.
Постапката е почната на 7 јуни, кога МНР од Министерството за внатрешни работи побарало информации за можна инволвираност на нивните вработени во настаните од 27 април во Собранието.