• Latest

СЗО повика 20 светски лидери да ја прекинат нерамноправноста во вакцинацијата

August 11, 2021

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

СЗО повика 20 светски лидери да ја прекинат нерамноправноста во вакцинацијата

August 11, 2021 15:52
in ВЕСТИ, КОВИД-19, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Светската здравствена организација (СЗО) вчера повика дваесет лидери, кои се способни да ја исправат „срамната“ глобална нерамнотежа во достапноста на вакцините против Ковид-19,  да се ангажираат до Октомври да го прекинат овој тренд.

-Веројатно има дваесет луѓе во светот кои се клучни за справување со проблемот на неправдата, изјави Брус Ајлвард од СЗО во директен контакт на социјалните медиуми на СЗО.

“Тие ги водат големите компании кои се грижат за тоа, тие ги водат земјите што купуваат поголем дел од вакцината во светот и тие ги водат земјите што ја произведуваат. Очекуваме тие дваесет луѓе да кажат: „Ќе го решиме овој проблем до крајот на Септември. Ќе се обидеме да добиеме 10 проценти (население) вакцинирани во секоја земја“, додаде Ајлвард.

Ајлвард, прв човек на СЗО за пристапот до средства за борба против пандемијата, оцени дека светот мора да чувствува „гадење“ поради таквата ситуација.

СЗО е се повеќе разочарана од овој „морален скандал“, како што го нарече, бидејќи богатите земји ги искористија залихите на вакцини, а земјите во развој едвај ги вакцинираат своите најранливи категории жители.

Француските медиуми наведуваат дека низ целиот свет веќе се употребени речиси 4,5 милијарди дози од вакцината.

Во земјите со високи примања, има 104 дози на сто луѓе. Во 29 земји со најниски примања, доаѓаат само две дози на сто луѓе.

-Сите заедно треба да се срамиме, кажа Ајлвард.

СЗО сака секоја земја во светот до крајот на септември да вакцинира најмалку 10 проценти од своето население, до крајот на годината најмалку 40 проценти и 70 проценти до средината на 2022 година.

 

Tags: вакциниКОВИД-19СЗО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ