Нивото на смртни случаи и страдање во војната меѓу Израел и Газа е „тешко да се сфати“, соопшти Светската здравствена организација.
Портпаролот на таа агенција на Обединетите нации, Кристијан Линдмајер изјави во Женева дека од почетокот на конфликтот се регистрирани повеќе од 100 напади врз здравствени установи, објавија западните медиуми.
Тој посочи на повеќе од 1.400 загинати во Израел и рече дека бројката од над 10.000 убиени во Газа е „половина процент од тамошното население“.
Во Газа во просек се убиваат околу 160 деца секој ден и ништо не го оправдува ужасот што го трпат цивилите во Газа, истакна Линдмајер.
Тој нагласи дека лекарите во Газа мораат дури и да вршат ампутации без анестезија.
Г. Т.