• Latest

И ВМРО-ДПМНЕ крена раце од Зврлевски!

August 17, 2017

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

И ВМРО-ДПМНЕ крена раце од Зврлевски!

August 17, 2017 15:55
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На дванаесеттото, финално продолжение на „сапуницата“ околу разврската на „Случајот Зврлевски“, со која треба да започнат реформите за враќање на владеењето на правото во Република Македонија, претседателот на Собранието Талат Џафери му држеше лекција на Илија Димовски (ВМРО-ДПМНЕ), опозицијата ја напушти седницата, мнозинството со 64 гласа „за“ од првично присутните 100 пратеници, конечно успеа да го изгласа разрешувањето на оспоруваниот и обвинуваниот Јавен обвинител Марко Зврлевски, што беше проследено со аплауз од присутните…

Продолжението на осмата собраниската седница за смена на државниот Јавен обвинител Марко Зврлевски започна со обидот на Илија Димовски да, го реактуелизира мислењето на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која неодамна се изјасни дека оваа расправа е во спротивност со член 8 од Изборниот законик. Според мислењето на ДКСК, јавниот обвинител не може да биде разрешен до локалните избори кои се закажани за 15 октомври, но, претседателот на Собранието го прогласи за ништовно писмото кое пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го доставиле до него, бранејќи го ставот дека ДКСК не е надлежна за такво мислење, односно дека толкувањето на законите е во надлежност токму на Собранието. Според Џафери, Антикорупциската комисија нелегално го дала толкувањето, бидејќи тој како претседател на Собранието, ниту Собранието тоа не го побарале од неа, и не може институција која ја избрало Собранието, да врши контрола врз неговото работење. Иако ВМРО-ДПМНЕ, по контроверзното мислење на ДКСК, според кое, во време на распишани избори не смее да се разрешуваат назначени функционери, побара да се прекине расправата. Џафери се повика на членот 64 од Уставот на Република Македонија кој ја санкционира оваа проблематика, по што се пристапи кон гласање во отсуство на опозицијата.

Откако владеачкото мнозинство со 64 гласа „за“ го разреши Зврлевски, Џафери ја прекина седницата.

Освен смената на Зврлевски, денеска уште една одлука го разбранува судството. Судскиот совет на седница затворена за јавност, донесе одлука да им го одзеде имунитетот на петтемина судии, обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување во предметот „Титаник 2“ за изборна измама. Иако претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски, не го соопштил идентитетот, медиумите веднаш објавија дека се работи за управните судии Билјана Никодиновска-Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Рангелова, Анета Џигерова и Газмент Фејзулаи.

Имунитетот им е одземен, откако кривичната судијка Верка Петковска побарала од Судскиот совет мислење за тоа како да постапи во однос на судискиот имунитет на кој се повикувале петтемина судии, за кои Специјалното јавно обвинителство поднесе обвинение за сторена злоупотреба во случајот „Титаник 2“.

 

Tags: „Титаник 2“аплаузВМРО-ДПМНЕДимовскиДКСКЗврлевскиимунитетКараџовскиправна државаразрешувањереформаСобраниеСудски советЏафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ