• Latest

Тапаните на балканската војна повторно бијат!

January 27, 2017

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

April 15, 2026
Андриј Сибига

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

April 15, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

April 15, 2026

Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

April 15, 2026

Кој со Орбан тикви садел…

April 15, 2026
Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

April 15, 2026
Народно собрание на Бугарија (фото: Nikolai Karaneschev, CC BY 3.0)

Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

April 14, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

April 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

    🔴 ОРБАН ПАДНА: КРАЈ НА ЕДНА ЕРА

    95 наспроти 11: Драматичен пресврт во Унгарија – ТИСА доминира во изборните единици

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

    Орбан падна. Кој е следен?

    ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ПОЛИТИКА

Тапаните на балканската војна повторно бијат!

January 27, 2017 16:45
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првата криза во надворешната политика на претседателот Трамп: Западната интервенција во Босна и во Косово, за Владимир Путин се закана за словенскиот православен свет – и тој планира одмазда, се вели во текстот на Џон Шиндлер, објавен завчера во „Опсервер“

Авторот на текстот, Џон Шиндлер е експерт за безбедност и поранешен аналитичар и контраразузнавач на американската Националната агенција за безбедност (NSA), специјалист за шпионажа и тероризам, кој исто така, бил и офицер на морнарицата и професор на воен колеџ. Неговата анализа е тмурна прогноза за случувањата во „бурето барут“.

По деценија ипол војување во оддалечени места, по нападите на 11-ти септември врз САД, лесно е да се заборави колку време потрошија западните шпиони, војници и дипломати во деведесеттите години на минатиот век, обидувајќи се да го спасат Балканот од себеси. По колапсот на Југославија во 1991, кој зад себе остави многу насилство и немир, задачата да се реши грдиот хаос, му се „падна“ на НАТО, предводено од САД. Сега, една генерација подоцна, привремените решенија на Вашингтон, полека се распаѓаат и војната можеби се враќа на европскиот, нестабилен Југоисток.

Најпрво, Босна и Херцеговина, која доби лавовски дел од медиумското внимание уште во 1990-та – не во смисла дека и сите од нив беа вистинити – се влече како полупропадната држава во последните две децении. Заглавена во криминал и корупција, да не зборуваме за сериозниот проблем со исламскиот екстремизам, Босна боледува политички, економски и социјално. Чудните, наместени договори од претседателот Бил Клинтон во Дејтон, Охајо, од крајот на 1995-тата, за опстојување на Босна по ужасната граѓанска војна во земјата, никогаш не требаше да бидат повеќе од краткорочно решение.

Сепак, Босна е сé уште заглавена во системот на Дејтонскиот договор, со очајна состојба во Сараево и многу голема моќ, пренесена на два псевдо-државни ентитета: претежно муслиманската Федерација (со намалувањето на хрватското малцинство) и Република Српска. Овој чуден договор не задоволи никого. Од една страна, им се даде премногу власт на муслиманите, а премалку на Србите, а Хрватите го изгубија статусот на трет ентитет. Дејтон донесе краткорочен мир, но, истовремено, обезбеди дека никој во оваа балканска каша нема да биде сосем во право на долг рок.

Сега, раководството на Република Српска, по неколку години фрустрација, се заканува дека целосно ќе се повлече од Дејтонскиот договор. Нејзиниот претседател, Милорад Додик, кој корумпирано ја води неговата парадржава во поголемиот дел од последните две децении, не го крие неговиот национализам во подем. Неговите закани за повлекување на Република Српска од Дејтонскиот договор, повеќе не се само идилична фантазија. Неодамна, Вашингтон се одмазди, со воведување санкции врз Додик и неговите напори да го саботира Дејтонскиот договор. Заплашен, Додик го прогласи американскиот амбасадор во Сараево за „докажан непријател“ на босанските Срби, кој е „непожелен во Република Српска“.

Имајќи предвид дека раздразливите односи меѓу босанските Србите и доминантните во Владата, муслимани во Сараево, се истиот проблем кој ја втурна земјата во граѓанска војна и геноцид во 1992 година, потегот на Додик само покажува колку депресивно мал напредок е постигнат по повеќе од две децении од западната политичка и воена интервенција и милијардите долари помош, потрошени за да се направи Босна помалку склона кон братоубиство.

Уште полоша е ситуацијата во Косово, поранешната српска покраина, која се здоби со независност, благодарение на 78-дневната воздушна кампања на НАТО во 1999 година, која го клекна Белград на коленици. Иако поголемиот дел од светот ја призна независноста на Косово, Србија нема да го стори тоа. Тензиите се во пораст, благодарение на серијата провокации од Белград. Србија се залага за независност на северниот дел на Косово, во кој живеат голем број Срби (повеќе од деветмина од десет жители на 1,9 милионското Косово, се Албанци, а само четири проценти се Срби, од кои повеќето живеат на север, во Косовска Митровица, во близина на Србија).

Неодамна, Белград испрати воз украсен со слоганот „Косово е Србија“ на 21 јазик кон Косовска Митровица, што Албанците го сфатија како каприциозна провокација. За среќа, возот се врати пред да стигне до Косово и се избегна огромна криза, барем засега. Сепак, претседателот на Србија, жесток националист, се закани дека ќе ја испрати својата војска во Косово, ако им се наштети на тамошните Срби, што ќе ја рестартира грдата, меѓуетничка војна, која НАТО ја ничкоса со бомби, во 1999 година.

Како одговор на ова, раководството на Косово побара од Европската унија да го смири официјален Белград, пред работите да излезат од контрола, додека дел од Албанците веќе зборуваат за воскреснување на Ослободителната армија на Косово, бунтовничките сили кои успешно си поиграа со белградските власти во деведесетите. Бидејќи независно Косово нема воена, туку само паравоена полиција – НАТО инсистираше на разоружување, со цел да се спречат идни конфликти – секој албански напор за вооружување, ќе го охрабри и онака, влошеното однесување на Србија. Да не зборуваме за тоа дека стотици муслимани од Косово ѝ се придружија на Исламската држава во Ирак и Сирија, а џихадистичките ветерани сега се враќаат дома, добро вооружени Албанци – желни за војна.

Засилениот национализам меѓу Србите, се чини, не е случаен. Како што истакнав пред две години, Владимир Путин ги полага своите надежи во Република Српска, со оглед на фактот што официјалната идеологија на словенската, православна солидарност на Кремљ, против декадентниот Запад, наоѓа засолниште меѓу многу Срби, пред сé, во Босна и Херцеговина, која е под западна воена окупација од 1995 година. Москва го поддржува Додик и политички и финансиски, додека ги поттикнува неговите монтирани предизвици за Дејтонскиот систем. Ширењето на влијанието на Русија во Србија, само по себе, е загрижувачко. Тешко е да се поверува оти е случајност тоа што провокативниот воз кој Белград го испрати на Косово е произведен токму во Русија. Присуството на разузнавачките служби на Русија во Србија е невообичаено големо и видливо, тие неодамна поставија шпионска база во јужниот дел на земјата, чија очигледна цел е следење на активностите на Западот во регионот. Пред два месеца, Русија, Белорусија и Србија спроведоа заеднички воени вежби на територијата на Србија, наречени „Словенско братство“, како знак на анти-НАТО силата.

Најважно, Москва неодамна го даруваше Белград со модерно оружје, вклучувајќи и 60 оклопни возила (половина од нив, Т-72 тенкови) и шест МИГ-29 борбени авиони. Тоа не звучи многу, и МИГ-29 авионите се вишок во руските воздухопловни сили, но се вистинска пресвртница во регионот. Добивањето на руските авиони, се очекува оваа пролет, да ја направи Србија единствената поранешна југословенска држава која поседува модрени борбени авиони. Хрватска, која е членка на НАТО, има десетина трошни МИГ-21, кои се генерации постари од МИГ-29, и благодарение на долгите години запоставување, само неколку може да се искористат. Без помош од Алијансата за Загреб, новите авиони на Србија ќе доминираат во регионот.

Најголемата загриженост во моментов, сепак, е заканата за Балканот поставена од тајните шпионски игри на Кремљ, кои јас ги нареков Специјална војна: шпионажа, субверзија, пропаганда и тероризам. Во ноември минатата година, оперативците поврзани со руските разузнавачки служби се обидоа да изведат насилен државен удар во Црна Гора, во малата поранешна југословенска република на Јадранското Море која бара членство во НАТО. И политичарите во Белград кои се помалку ентузијасти за легнување во кревет со Москва ги сметаат тајните атентатори за закана. Со оглед на Путиновата навика за отстранување на луѓе кои не му се допаѓаат, на непријатен и криминален начин, оваа загриженост, се чини, повеќе од легитимна. Она што Путин го сака на Балканот е повеќе од јасно, главно, политички хаос што ќе му го одвлече вниманието на Западот. Тој со задоволство ќе ризикува локална војна за да се постигне тоа, бидејќи нема да бидат Русите тие кои ќе умираат. Политичките решенија направени од НАТО, пред една генерација, сé повеќе се изнемоштени и Москва планира да ја искористи својата награда. Путин, како и многу Руси, западната интервенција во Босна и во Косово, ја смета како закана за словенскиот православен свет, и тој планира одмазда.

Токму сега, НАТО ги разместува своите сили во Полска и балтичките земји за да се спречи рускиот авантуризам, како што сум предупредувал со години, но ѕвечкањето со оружје во 2017-та, како тест за решителноста на Алијансата, најверојатно ќе се одвива на Балканот, каде државите се слаби и контролата на Запад изгледа несигурна. Со оглед на тоа колку лошо се одвиваа работите последниот пат, кога руските разузнавачки служби ги помагаа и поддржуваа тајните српски сплеткарења во Босна, САД и нашите европски сојузници треба под итно да ја смират Југоисточна Европа, пред нејзините проблеми да излезат од контрола и масовното насилство повторно да се врати во тој со години проблематичен регион

Tags: БалканБалтикБоснаДејтонски договорДодикИсламска државаКлинтонКосовоМИГ 21МИГ 29ПолскаПутинРепублика СрпскаРусија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ