• Latest

Чакар: Во романот „Не викај ме имигрант“ ги прегрнувам луѓето од целиот свет!

June 21, 2017

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Чакар: Во романот „Не викај ме имигрант“ ги прегрнувам луѓето од целиот свет!

June 21, 2017 15:44
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Насилство, диктатура, подобри социјални и економски услови за живот…, се меѓу најчестите причини за современата бегалска криза во светот, во која што според извештајот на ОН, до крајот на минатата година, присилно се раселени 65,6 милиони граѓани. Од 2014 до 2017 година, над милион и пол имигранти ја поминале македонската граница, трагајќи по подобра иднина во Европа.

Наспроти овој процес, Македонија веќе една деценија ја тресе „бела чума“. Од новата Влада се очекуваат итни мерки за стопирање на имигрантската криза, во која што преку 600.000 македонски граѓани се раселени по светот, и којашто може да има далекусежни негативни реперкусии врз иднината на државата, а особено, нејзиниот човечкиот капитал.

И вчера, на Светскиот ден на бегалците, во медиумите се појавија безброј лични судбини кои се плетат по патиштата, по беспаќата далеку од родното огниште. Раселените лица од каде и да доаѓаат и каде и да се населуваат, дури и вдомените со генерации, се нарекуваат имигранти, со сите негативни конотации.

Романот „Не викај ме имигрант“ чиј автор е Македонката, Ѓурѓица Чакар, којашто пред 2,5 децении, се иселила на Блискиот Исток со семејството, е придонес во борбата против ваквата дискриминација на раселените граѓани, на коишто примарно, треба да се гледа како на граѓани на светот, во услови на овој брз и квалитетен техничко-технолошки развој, кога планетата Земја функционира на ниво на „глобално село“.

 

ЦИВИЛ МЕДИА: Издавањето на романот „Не викај ме имигрант“ го означува вашето деби во литературата. Каде се криеше досега вашиот порив за литературен израз? Која е приказната и пораката на романот?

ЧАКАР: Љубовта кон пишувањето првпат ја препознав на возраст од 10 години, кога почнав да пишувам детска драма. Понатаму, третата награда на анонимниот конкурс за детски драми за радио адаптација од националната Македонска радио и телевизија, пред 27 години, за мене беше поттик да продолжам со литературна дејност. Напишав многу литературни дела, како драми, кратки приказни и малку поезија, но овој роман е мое прво дело од поголем обем. За еден роман во којшто ги прегрнувам луѓето од целиот свет, животното искуство, учението и мудроста што ја носи возраста беа од големо значење. Приказната тече преку случувањата на едно семејство, коешто живее во Австралија, а во кое се измешала македонска, француска, шпанска и руска крв. Времетраењето на настаните е во растојание од 7-8 месеци, на неколку дестинации во светот. Сите личности и приказни заедно порачуваат – да не ги нарекуваме луѓето имигранти, за со тоа да ги ставаме во некоја категорија којашто, колку што можам да ја проценам, има негативна конотација.

ЦИВИЛ МЕДИА: Колку во сите овие 25 години живот и работа надвор од Македонија се чувствувавте како имигрант? Впрочем, кога започнува тој пресврт и зошто одлучивте да заминете во странство? Колку беше тежок тој период на адаптација надвор од домот?

ЧАКАР: Пред да се преселиме во Австралија со сопругот работевме на Блискиот Исток. Тоа беше организирано преку, во тоа време, југословенските фирми. Во однос на прашањето за имиграцијата и чувството да се биде таков, таа ситуација беше сосема поинаква. Во однос на креирањето, предизвик да се работи на големи проекти, работата на Блискиот Исток беше клучна. Тоа беше најголемата причина да побараме земја во развој, каде би можеле да се обидеме како стручњаци. За тоа, ја одбравме Австралија, но се сретнавме со еден неочекуван феномен, каде едни имигранти, другите ги нарекуваат имигранти, без да се замислат себеси, од каде се. Тоа се некои социјални аномалии, што не ги креирала државата, напротив. Ги креирал конгломератот луѓе, што ја сочинуваат земјата, континентот.

ЦИВИЛ МЕДИА: По професија сте архитект, но по вокација уметник. Освен успешниот литературен израз, се самопотврдивте и како сликар. Во која техника преферирате да сликате и каде досега се изложени вашите уметнички дела?

ЧАКАР: Сликањето веројатно тлеело во мене, но динамиката на мојот живот не му дала шанса и време да се појави преку своите изразни средства. Со сликање поинтензивно се занимавам, додека живеам во Емиратите. Посетив неколку курсеви во класата на професор д-р Мохамед Абу Елнага, којшто ми даде слобода да употребувам познати и креирам нови техники на изразување. Од материјал, користам се’, бидејќи небото е лимит кога се избираат, но најзастапени се акрилните бои. Моментално, Владата на Абу Даби ме претставува со две слики на групна изложба. Претстојат уште неколку групни, но се подготвувам за дуо-изложба со французинката, Силви Хардуни, во октомври годинава.

ЦИВИЛ МЕДИА: Имате голема поддршка од семејството во сите ваши проекти. Кои се плановите во иднина, професионални и лични? Дали размислувате да се вратите конечно во Македонија?

ЧАКАР: Ја знаете приказната за теглата и камењата. Ако во теглата успеете да ги сместите најголемите парчиња, што го симболизираат семејството, сите други поситни камења, полесно ќе влезат меѓу големите. Со мислата дека семејството е пред се’, децата успевам да ги држам сплотени, а тие ми возвраќаат со голема поддршка. Поради нив, размислуваме, со сопругот од Емиратите да се вратиме во Австралија. Би сакала да се занимавам со архитектура, книжевност и сликарство, сѐ додека можам. Враќањето во Македонија не е исклучено.

ЦИВИЛ МЕДИА: Родена сте во Македонија, а ги живеете убавините на светот. Која е вашата порака до граѓаните на Македонија, по сите случувања коишто што ја означуваат долготрајната политичка криза и поделеност на македонското општество по политичка, национална, верска основа?

ЧАКАР: Ситуацијата во Македонија ми е позната само од медиумите и од раскажувањето на моите блиски. Лично не сум ја согледала и почувствувала, бидејќи моите посети во земјата се многу кратки. Генерално, што е поразноврсна поделеноста, толку се поголеми пречките, толку е послаб развојот на државата и луѓето во неа. Сепак, искуството од мојот живот во Австралија, земја составена исклучително од различни националности и вери, би сакала да го поделам со сите во Македонија во паралела со Австралија. Сите државјани во нашата мала земја сме Македонци, како што сите во далечната голема земја сме Австралијанци. Во Австралија е непотребно, неприфатливо јавно да се спомнуваат национални или верски припадности на Владино ниво или кое било друго. Поучена од таа успешна земја, порачувам во Македонија во мислите да го имаме развојот на земјата во која живееме, за доброто на Македонија, без да ставаме акцент на националноста или верата од која потекнуваме.

Моника Талеска

Tags: „Не викај ме имигрант“Австралијабегалска кризаЃурѓица ЧакарМакедонијараселеност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ