• Latest

ЧЕ БИДЕ

January 2, 2018

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

ЧЕ БИДЕ

January 2, 2018 15:38
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Измина 2017. Во многу нешта поразлична од другите.

Пишува: Денис Јанкуловски

Донесе долго очекувана промена на власта. Борбата која ја водевме против Ѕверот, против фамилијарната мафија конечно вроди со плод. Соочени со МВРО и оклопните возила од една страна како небаре насред војна да сме и ние, граѓаните, студентите, средношколците, уметниците, стечајците, невработените, неправедно затворените, семејствата на Младенов, Тамара и Мартин, Шарената револуција од друга страна. Не беше залудно. Сите оние „секој ден во 6“ на сонце но и на ветар и  дожд но насмеани, разиграни, распеани и најважно од се здружени заради каузата која ја имавме – Слобода и Правда, доведоа да сме денес токму на ова место. Успеавме. Но не завршивме.

Ја имаме Слободата. Слобода на говор, на размислување, на различност, слобода на изразување без притоа да стравуваме од реперкусии заради некому нешто што не му се допаднало нашето мислење. Иако сѐ уште постои страв кај луѓето, што донекаде е разбирливо, сепак се работи за 11-тина години репресија, замолчување, лесно носени одлуки за најмалку преместувања ана работните места преку уште полесно делени отказни решенија па се до најстрашното, притвори и затвори кои беа носени судски а незаконски.

Правдата……бавно доаѓа. Но сепак ќе дојде. И тука има влијание тој долгогодишен период и криминализацијата на судскиот систем. Но сепак имаме започнати судски процеси, толку омразените сечени, лепени и монтирани бомби не биле лепени па се прифатени како докази во обвиненијата. Што значи дека нема бегање. Промена на Судиите но овојпат легална а не како претходно според „списочето на Горде“. Значи има помрднување кон подобро. Обвинетите и нивните Ѓаволски адвокати се обидуваат и наоѓаат разни начини за опструкција на судовите. Заради трагите кои уште ги имаат и успеваат. Но до кога? Тие само го пролонгираат неизвесното А тоа е добивањето на “one way ticket” за Идризово. Загарантирано. Прашање е само на ден.

Власта наследи голема штета, како финансиска така и кадровска. Имаат голема работа. На надворешен план има одлични резултати. На внатрешен има уште доста работа. Имаат неколку грешки според мене кои и не мораше така да се случат, патувањата во бизнис класа на Донев кој патем речено сѐ уште нема поднесено оставка иако ТРЕБА, па кадровските непромени кои многу долго ги очекувавме и не ги добивме особено на директорските места. Тромесечната голгота со избор на Министер за здравство е пример кој не смее никако да се повтори.

Сѐ уште ги очекуваме првобитните информации околу фалсификуваните лекови. Не дозволуваме да има недостиг на лекови, особено не за пациентите со ретки болести, дијабетичарите и сите оние на кои им се и повеќе од потребни.

Започна новата година. Различна. Ја започнавме во СЛОБОДА. Не сме истите, промените се гледаат со една прошетка по улиците и насмевките и прегратките кај луѓето. Дали оние другине ќе се сменат и освестат не знам но нив има кој да ги мисли. За да биде оваа па и сите наредни години онака како што и посакуваме мора да поработиме малку…всушност многу повеќе. Мора да се испотиме. За да знаеме што им оставаме на нашите деца зад нас.

Ќе биде мачно. Но кога нешто правиш за добро на своето семејство и за многумина тогаш ништо не е тешко. Ќе засукаме ракави и ќе работиме. Сите. Граѓаните, но и Владата. Само во единство ќе успееме. Ние не пребаруваме многу а власта треба да не` слуша. Затоа што граѓанскиот сектор е коректив и дел од општеството кој има најзначајна улога во промената. Владата е резултат на таа борба. И затоа мора да го слушаат гласот на народот. Грешки се прават, но и корекции.

Ќе биде, знам. Трпение. Државава оваа година ќе претрпи значајни позитивни промени, верувајте ми на збор.

И она најважното во нашата борба.

ЧЕ СИ ЛЕЖАТ. И тоа на долго. Сите до еден, независно дали се Фамилија или не. Шутка не им бега. Памтете ми го зборот.

Нека ни е Среќна новата година драги мои Шарени соборци и пријатели и сите оние слободоумни другари. Заедно ќе успееме. И ќе се гордееме.

Ваш, Шарениот…

 

Tags: ГордеГруевскидемократијапроменисписоцисудовифамилијашарена револуција
Share22TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ